17 јули – Товарот на одговорноста за душите

„Сега се радувам; не заради тоа што се нажаливте, но дека се нажаливте за покајание; зашто се нажаливте по Бога, така, за да не бидете оштетени од нас во што и да е.“ (2. Коринтјаните 7,9)

Павле…се надевал дека во Троада ќе се сретне со Тит и од него ќе дознае како се примени советите и укорите што им ги упатил на коринтските браќа, но неговото очекување не се исполнило… Затоа ја напуштил Троада и преминал во Македонија, каде што во Филипа се сретнал со Тимотеја…

Тој верен весник донел радосни вести со чија помош се случила чудесна промена меѓу коринтските верници. Мнозина ги прифатиле поуките од писмото на Павле и се покајале за своите гревови. Начинот на нивниот живот не претставувал веќе срам за христијанството, туку вршел силно влијание во развивањето на вистинска побожност.

Исполнет со радост, апостолот им упатил второ послание на коринтските верници, во кое го изразил задоволството на своето срце поради доброто дело што се извршило во нив: „Зашто, дури и да ве нажалив со тоа послание, не се каам, иако се покајав.“… „Но сега се радувам”, пишува понатаму, „не заради тоа што се нажаливте, но затоа што се нажаливте за покајание“…

Павле извесно време чувствувал во душата грижа за црквите – толку тешко бреме што одвај можел да го поднесува… Но сега била отстранета една причина за загриженост. Своите чувства во врска со вестите дека Коринтјаните го прифатиле неговото послание Павле ги излеал низ радосни зборови… Видел дека сатаната нема да триумфира над Божјето дело во Коринт и благодарноста на своето срце ја излеал низ зборови на похвала и слава на Бога. (Делата на апостолите, стр. 323-326. оригинал)

13 ноември - Крштевањето
12 ноември - Бидете утврдени да ги издржите неволјите и искушенијата
11 ноември - Зашто дава мудрост и разбирање
10 ноември - Божјата порака упатена до мене
9 ноември - Примање на Речта со радост и веселба
8 ноември - Потполна среќа
7 ноември - Мир и радост во Духот
6 ноември - Радост поради купување на богатството
5 ноември - Објавување на Радосната вест на ближните
4 ноември - Павле и Варнава ја носат Радосната вест во Антиохија

Pin It on Pinterest