„И со радост ќе црпите вода од изворот на спасението.“ (Исаија 12,3)
Вистинските начела на христијанството пред сите отвораат извор на среќа чија длабочина, ширина и должина не можат да се измерат. Христос е во нас извор на вода што тече во вечен живот. Тоа е неисцрпен извор на кој христијаните можат постојано да се напојуваат, бидејќи тој никогаш не пресушува. (Сведоштва за црквата, вол. 1. стр. 565.566. оригинал)
Зошто да остануваме далеку од изворот кога имаме можност да му се приближиме и да се напојуваме во изобилство? Зошто да бидеме гладни за леб кога пред нас има магацин полн со изобилство, каде можеме да се снабдиме бесплатно? Овде мојата душа се гости и секојдневно се насладува со небесна радост. Нема да молчам. Благодарноста кон Бога е во моето срце и на моите усни. Имаме можност да се радуваме во полнотата на љубовта на нашиот Спасител, и да се насладуваме на гозбата на Неговата превозвишена слава. (Сведоштва за црквата, вол. 1. стр. 98. оригинал)
Последните зборови што Христос му ги упатил на Јован биле: „И Духот и невестата велат: ‘Дојди!’ И кој слуша, нека рече: ‘Дојди!’ И кој е жеден, нека дојде, и кој сака, нека земе од водата на животот дарум“ (Откровение 22,17). Кога ќе одговориме на Божјиот повик и ќе речеме: „Господи, доаѓаме“, тогаш со радост ќе црпиме вода од изворите на спасението. (Counsels to Parents, Teachers, and Students, 371)
