16 јуни – Христијанско заедништво е кога се радуваме на туѓата среќа

„И кога нејзините соседи и роднини чуја дека Господ и укажа голема милост, се радуваа со неа.“ (Лука 1,58)

Пријателското сочувство и вистинските чувства на нежен интерес за другите би им донеле благослови на вашите души… и би ве довеле во блиска врска со нашиот Искупител, чие доаѓање на светот беше со цел да прави добро, и чиј живот треба да го следиме. (Сведоштва за црквата, вол. 3, стр. 527. оригинал)

Љубовта и интересот на Христовите следбеници мора да бидат широки како светот. Оние кои живеат само за ’мене и моите‘ ќе го пропуштат Небото. (Сведоштва за црквата, вол. 3, стр. 530. оригинал)

Нежно сочувство и внимание кон другите треба да манифестираме и со зборови и на дела. Илјадници ситни вниманија кон другите можеме да изразиме со пријателски збор и пријатен поглед, што ќе ни биде возвратено на ист начин. Невнимателните христијани со своето запоставување на другите покажуваат дека не се обединети со Христа. Невозможно е да се биде обединет со Христа, а во исто време да се биде нељубезен со другите и да се игнорираат нивните права. Многумина чувствуваат силна желба за пријателско сочувство. Бог на секого од нас му дал личен идентитет кој не може да се стопи во личноста на некој друг; меѓутоа, доколку сме навистина Христови и ја прифатиме Неговата волја како своја, тие лични особености помалку ќе се истакнуваат. Својот живот ние треба да го посветиме на доброто и среќата на другите како што го правел тоа и нашиот Спасител. Во целосен заборав на себе, секогаш треба да гледаме дури и во ситните поединости да покажеме благодарност за сè што примаме од другите. Да настојуваме секогаш да пронајдеме начин како да ги израдуваме другите, олеснувајќи ги нивните товари и грижи со нежна љубезност и ситни докази на љубов. Збирот на такви вниманија и љубезности, кои започнуваат во семејството и се шират подоцна и надвор од семејниот круг, претставуваат животна среќа, додека со запоставување на тие привидни ситници постојано се дополнува чашата на горчина и животни страдања. (Сведоштва за црквата, вол. 3, стр. 539.540. оригинал)

3 август - Небото ја одобрува послушноста и службата
2 август - Кога безбожникот ќе се одврати од своите патишта
1 август - На Бога Му е угодно она што е право
31 јули - Ангелите го исполнуваат ветувањето за божествена грижа
30 јули - Ангелите служат на потребите на луѓето
29 јули - Небесните војски и Божјите слуги и се радуваат на службата
28 јули - Ангелите соработуваат со нас
27 јули - Ангелите се радуваат со луѓето во спасувањето на изгубените
26 јули - Ја имаат Христовата радост кога ги гледаат спасените грешници
25 јули - Тие ја шират Неговата радост спасувајќи ги изгубените

Pin It on Pinterest