25 јануари – Моето име е запишано на Небото

„Но не радувајте се на тоа, дека духовите ви се покоруваат, туку радувајте се, дека вашите имиња се запишани на небесата!“ (Лука 10,20)

Не радувајте се на тоа што поседувате сила, бидејќи ви се заканува опасност да ја загубите од вид својата зависност од Бога. Пазете се да не ве зафати претерана самоувереност и да не работите во своја сила, туку во дух и во сила на својот Учител. „Јас“ секогаш е подготвено себеси да си ги припише заслугите и за најмалечкиот успех што се постигнува во работата. „Јас“ прима ласкања и се извишува и на тој начин занемаруваме на другите да им покажеме дека Бог е сè и во сè…

Радувајте се што преку Христа сте се поврзале со Бога, што сте станале членови на небесното семејство. Додека гледате над себе, постојано ќе ја чувствувате слабоста на човечката природа. Колку помалку му угодувате на своето „јас“, појасно и поцелосно ќе го сфатите совршенството на својот Спасител. Колку поцврсто ќе се поврзете со изворот на светлината и силата, ќе ве осветли посилна светлина и ќе добиете поголема сила да работите за Бога. Радувајте се што сте едно со Бога, едно со Христа и со целото небесно семејство. (Копнежот на вековите, стр. 493. оригинал)

24 октомври - Учениците се израдувале кога Го виделе воскреснатиот Господ
23 октомври - Двете Марии се израдувале на веста за воскресението
22 октомври - Седумдесеттемина ученици се израдувале на Неговата сила
21 октомври - Закхеј радосно Го примил
20 октомври - Радоста на Јован исполнета додека го подготвува патот за Спасителот
19 октомври - Захарија и Елисавета се израдувале на раѓањето на својот син
18 октомври - Мноштвото се израдувало на Христовото царско влегување
17 октомври - Мудреците се израдувале на Господовото водство
16 октомври - Дариј многу се израдувал затоа што Даниеловиот Бог е моќен
15 октомври - Евреите се радувале на избавувањето од смртта

Pin It on Pinterest