20 февруари – Оние што ја исполнуваат Неговата волја

„Зашто, Господ го љуби Својот народ, со спасение ги овенчува кротките!“ (Псалм 149,4)

Помеѓу Бога и Неговиот народ постои најтесна врска. Ние не сме само предмет на Неговата милост која избавува и на Неговата љубов која простува; ние сме многу повеќе од тоа. Господ се весели поради својот народ. Тој ужива во својот народ. Тој е нивната сигурност. Тој со својот Дух на светоста ќе ги воздигне сите кои Му служат со целото срце. Тој ги облекува во праведност. Тој ги сака оние кои ја исполнуваат Неговата волја, оние кои го одразуваат Неговиот лик. (Testimonies to Ministers, p. 414)

Тој добро го познава секој поединец кој е поврзан со Неговата служба. Тој ги познава оние чии срца може да ги наполни со свето масло за да можат тие да го дадат на другите. Во Божјите очи многу се драгоцени оние кои верно го спроведуваат Христовото дело во нашиот свет, претставувајќи го со зборови и со дела Неговиот карактер и исполнувајќи ги намерите кои Тој ги има за нив. Христос во нив наоѓа задоволство како што човекот наоѓа задоволство во убаво негуваната градина и во мирисот на цвеќињата кои самиот ги засадил. (Сведоштва за црквата, вол. 6, стр. 419. оригинал)

13 ноември - Крштевањето
12 ноември - Бидете утврдени да ги издржите неволјите и искушенијата
11 ноември - Зашто дава мудрост и разбирање
10 ноември - Божјата порака упатена до мене
9 ноември - Примање на Речта со радост и веселба
8 ноември - Потполна среќа
7 ноември - Мир и радост во Духот
6 ноември - Радост поради купување на богатството
5 ноември - Објавување на Радосната вест на ближните
4 ноември - Павле и Варнава ја носат Радосната вест во Антиохија

Pin It on Pinterest