20 октомври – Радоста на Јован исполнета додека го подготвува патот за Спасителот

„Кој има невеста, тој е младоженец. А пријателот на младоженецот, кој стои и го слуша, се радува многу штом ќе го чуе гласот на младоженецот. И така, оваа моја радост се исполни.“ (Јован 3,29)

По природа Јован имал мани и слабости вообичаени за човечкиот род, но се преродил во допир со божествената љубов. Тој живеел во средина неизвалкана со себичност и со честољубие, високо над загадената атмосфера на љубомората… покажал дека јасно го сфатил својот однос кон Месија и со задоволство го поздравил со добредојде Оној на кого му го приготвил патот…

Јован себеси се претставил како пријател кој дејствува како весник меѓу свршениците, приготвувајќи го патот за венчавањето. Кога младоженецот ја примил својата невеста, задачата на пријателот била завршена. Тој се радува за среќата на оние чиешто соединување го потпомогнувал. Така Јован бил повикан да го насочи народот кон Исуса и се радувал што можел да сведочи за успехот на делото на Спасителот. Рекол: „Оваа моја радост се исполни. Тој треба да расте а јас да се смалувам“.

Гледајќи со вера во Откупителот, Јован се издигнал на висок степен на самооткажување. Не настојувал луѓето да ги привлече кон себе, туку нивните мисли да ги издигне колку што е можно повисоко, сè додека тие не се запрат на Божјето Јагне. Тој бил само глас, вик во пустината. Сега со радост ја прифатил тишината и повлеченоста, со цел очите на сите да можат да се свртат кон Светлината на животот. (Копнежот на вековите, стр. 179.180. оригинал)

24 октомври - Учениците се израдувале кога Го виделе воскреснатиот Господ
23 октомври - Двете Марии се израдувале на веста за воскресението
22 октомври - Седумдесеттемина ученици се израдувале на Неговата сила
21 октомври - Закхеј радосно Го примил
20 октомври - Радоста на Јован исполнета додека го подготвува патот за Спасителот
19 октомври - Захарија и Елисавета се израдувале на раѓањето на својот син
18 октомври - Мноштвото се израдувало на Христовото царско влегување
17 октомври - Мудреците се израдувале на Господовото водство
16 октомври - Дариј многу се израдувал затоа што Даниеловиот Бог е моќен
15 октомври - Евреите се радувале на избавувањето од смртта

Pin It on Pinterest