21 јуни – Враќање на заблудените

„А кога ќе ја најде, ќе ги повика пријателките и сосетките и ќе им рече: ‘Радувајте се со мене, зашто ја најдов драхмата, што ја изгубив!’“ (Лука 15,9)

На Истокот куќите на сиромасите обично се состоеле од само една просторија, често без прозорци и мрачна. Просторијата ретко се чистела и кованата пара, ако би паднала на подот, бргу би била покриена со прашина и смет. За да може да се пронајде, дури и по ден, требало да се запали светилка и грижливо да се исчисти целата соба.

Миразот, што го носела жената во бракот, обично се состоел од ковани пари што таа внимателно го чувала како свое најскапоцено богатство за подоцна да им го предаде на своите ќерки. Загубата на само еден од тие примероци би претставувала сериозна несреќа, а неговото наоѓање голема радост во која радо учествувале и жените сосетки. (Христови параболи, стр. 192.193. оригинал)

„Така ви велам,“ нагласува Христос, „настанува радост пред Божјите ангели за еден грешник кој се кае.“ Кога Божјите ангели толку се радуваат на враќањето на заблудените кои ги увидуваат и признаваат своите гревови, враќајќи се во членството на црквата, колку повеќе Христовите следбеници, кои и сами прават грешки и на кои секој ден им е потребно простување и од Бога и од нивните браќа, треба да се радуваат на враќањето на секој поединец кој, заведен со сатанските лукавства, бил на погрешен пат и толку страдал поради тоа! (Сведоштва за црквата, вол. 3, стр. 100. оригинал)

13 ноември - Крштевањето
12 ноември - Бидете утврдени да ги издржите неволјите и искушенијата
11 ноември - Зашто дава мудрост и разбирање
10 ноември - Божјата порака упатена до мене
9 ноември - Примање на Речта со радост и веселба
8 ноември - Потполна среќа
7 ноември - Мир и радост во Духот
6 ноември - Радост поради купување на богатството
5 ноември - Објавување на Радосната вест на ближните
4 ноември - Павле и Варнава ја носат Радосната вест во Антиохија

Pin It on Pinterest