„Натрупав сребро и злато и скапоцености од царевите и покраините; набавив пејачи и пејачки и секакви човечки раскоши, сè сокровиште на сокровиште.“ (Проповедник 2,8)
Благороден во младоста, благороден во зрелоста, миленик на својот Бог, Соломон започнал владеење кое имало блескави изгледи за успех и чест. Народите се восхитувале од знаењето и проникливоста на човекот кому Бог му ја дал мудроста. Но, гордоста поради успехот го одвоила од Бога. Соломон ја отфрлил радоста што ја дава заедницата со Бога за да најде уживање во задоволување на суетата. За тоа искуство самиот вели:
„Направив големи дела: изградив дворци за себе, посадив лозја; си направив градини и овоштарници,… придобив робови и робинки… насобрав сребро и злато и скапоцености од цареви и области. Си доведов пејачи и пејачки и тоа што ги насладува синовите човечки, музички инструменти од сите видови. И станав толку голем, поголем од кој и да е пред мене во Ерусалим… што да ми посакаа очите, не им скратував, ниту му бранев на моето срце некаква веселба, туку моето срце му се радуваше на секој мој труд… Тогаш ги разгледав сите свои дела, сите напори што ги вложив за да дојдам до нив – и ете, сѐ е тоа суета и мака за духот, и немаше од нив полза под сонцето. Потоа ја свртив мојата мисла кон мудроста, кон глупоста и кон лудоста. Што би направил човек кој дошол после царот? Освен тоа што е веќе направено.“
„Го замразив животот… замразив сѐ, за што се трудев под сонцето“ (Проповедник 2,4-12.17.18).
Од сопственото горчливо искуство Соломон ја сфатил празнината на животот кој го бара највисокото добро во земските нешта. (Воспитување, стр. 152.153. оригинал)
