2 март – Радујте се на дарот на животот

„Заповедај им на богатите на овој свет да не бидат горделиви и да не се надеваат на непостојаното богатство, туку во живиот Бог, Кој ни дава изобилно сè за наслада.“ (1. Тимотеј 6,17)

Бескрајната љубов на Откупителот му дава животни дарови на секое човечко суштество. Храната, облеката и засолништето, телото, умот и душата – сето тоа е придобиено со Неговата крв. (Воспитување, стр. 139. оригинал)

Целата сила е дадена во Неговите раце за да може да им дарува богати дарови на луѓето. (Testimonies to Ministers, p. 92)

Секој ден се опкружени со докази на Божјата љубов, секој ден уживаат во даровите на неговото провидение. (Патот кон Христа, стр. 121. оригинал)

Планот на откупувањето започнува и завршува со дар. (Сведоштва за црквата, вол. 5, стр. 730. оригинал)

„Зашто Бог толку го возљуби светот, што Го даде Својот Единороден Син“… Круна пак на благословот е дарот Божји: „живот вечен, преку Исус Христос, нашиот Господ“. (Сведоштва за црквата, вол. 5, стр. 730. оригинал)

Toj ни гo дaл Oнoj, Кoj e Свeтлинa и Вeличeствo нa нeбoтo и сo тoa ни ги дaл ситe Нeбeсни бoгaтствa. Истo кoлку штo ни вeтил зa живoтoт штo ќe дojдe, Toj ни дaвa чудeсни дaрoви и вo oвoj живoт. Кaкo пoдaници нa Нeгoвaтa милoст, Toj сaкa дa уживaмe вo сѐ штo ги oблaгoрoдувa, рaзвивa и вoздигa нaшитe кaрaктeри. (Здравје и среќа, стр. 405. оригинал)

24 октомври - Учениците се израдувале кога Го виделе воскреснатиот Господ
23 октомври - Двете Марии се израдувале на веста за воскресението
22 октомври - Седумдесеттемина ученици се израдувале на Неговата сила
21 октомври - Закхеј радосно Го примил
20 октомври - Радоста на Јован исполнета додека го подготвува патот за Спасителот
19 октомври - Захарија и Елисавета се израдувале на раѓањето на својот син
18 октомври - Мноштвото се израдувало на Христовото царско влегување
17 октомври - Мудреците се израдувале на Господовото водство
16 октомври - Дариј многу се израдувал затоа што Даниеловиот Бог е моќен
15 октомври - Евреите се радувале на избавувањето од смртта

Pin It on Pinterest