29 октомври – Рода била исполнета со радост заради избавувањето на Петар

„И кога чукна на дворната врата, дојде слугинката, по име Рода, да наслушне. И кога го препозна Петровиот глас, од радост не ја отвори вратата, туку втрча и јави дека Петар стои пред вратата.“ (Дела 12,13.14)

На Петар, кој бил во затвор и осуден на смрт, му се јавил Божји ангел;… поминувајќи покрај вооружените стражари, масивните врати и големата железна порта со нејзините резиња и решетки, ангелот безбедно го извел Божјиот слуга на слобода. (Воспитување, стр. 255.256. оригинал)

Апостолот веднаш се упатил во куќата во која биле собрани неговите браќа и во тој миг му упатувале сесрдни молитви на Бога за него. „И кога чукна на вратата од тремот, дојде слугинката, по име Рода, да наслушне. И кога го препозна Петровиот глас, од радост не ја отвори портата, туку втрча и јави дека Петар стои пред порта. А тие ѝ рекоа: ‘Ти бладаш!’ Но таа и натаму тврдеше дека е вистина. Тие пак рекоа: ‘Тоа е неговиот ангел.’“ „А Петар продолжуваше да чука. И кога ја отворија портата, го видоа и се зачудија. Тој им даде знак со раката да молчат и им раскажа како Господ го изведе од занданата.“ И Петар „излезе и отиде на друго место“. Срцата на верниците се наполниле со радост и благодарност, зашто Бог ги чул и ги примил нивните молитви и го избавил Петар од рацете на Ирода. (Делата на апостолите, стр. 148.149. оригинал)

13 ноември - Крштевањето
12 ноември - Бидете утврдени да ги издржите неволјите и искушенијата
11 ноември - Зашто дава мудрост и разбирање
10 ноември - Божјата порака упатена до мене
9 ноември - Примање на Речта со радост и веселба
8 ноември - Потполна среќа
7 ноември - Мир и радост во Духот
6 ноември - Радост поради купување на богатството
5 ноември - Објавување на Радосната вест на ближните
4 ноември - Павле и Варнава ја носат Радосната вест во Антиохија

Pin It on Pinterest