20 aприл – Кога Исус ќе истапи, радоста ќе ја замени тагата

„Вистина, вистина ви велам: вие ќе плачете и ќе ридате, а светот ќе се радува; и вие ќе бидете жалосни но вашата жалост ќе стане радост.“ (Јован 16,20)

Кога ќе го видат својот Господ предаден и распнат, учениците ќе тагуваат и ќе постат. Со своите последни зборови што им ги упатил во горната соба, Исус им рекол: „Уште малку и веќе не ќе ме гледате, и пак по кратко ќе ме видите. Вистина, вистина, ви велам, вие ќе плачете и ќе тажите, а светот ќе се радува; ќе бидете жалосни, но вашата жалост ќе се претвори во радост” (Јован 16,19.20).

Кога Исус ќе воскресне од гробот, нивната жалост ќе се претвори во радост. По своето вознесение, Тој како личност ќе биде отсутен, но преку Утешителот сè уште ќе биде со нив и тие времето нема да го поминуваат во тага. Тоа го сакал сатаната. Сакал светот да се здобие со впечаток дека биле измамени и разочарани, но тие требало со вера да гледаат во горното светилиште во кое Исус служел за нив; требало да му ги отворат срцата на неговиот Заменик, на Светиот Дух, и да се радуваат во светлината на Неговото присуство. (Копнежот на вековите, стр. 277. оригинал)

24 октомври - Учениците се израдувале кога Го виделе воскреснатиот Господ
23 октомври - Двете Марии се израдувале на веста за воскресението
22 октомври - Седумдесеттемина ученици се израдувале на Неговата сила
21 октомври - Закхеј радосно Го примил
20 октомври - Радоста на Јован исполнета додека го подготвува патот за Спасителот
19 октомври - Захарија и Елисавета се израдувале на раѓањето на својот син
18 октомври - Мноштвото се израдувало на Христовото царско влегување
17 октомври - Мудреците се израдувале на Господовото водство
16 октомври - Дариј многу се израдувал затоа што Даниеловиот Бог е моќен
15 октомври - Евреите се радувале на избавувањето од смртта

Pin It on Pinterest