22 aприл – Кога Бог ме води

„Девојките ќе се веселат на танец, младо и старо заедно, зашто тагата ќе им ја претворам во радост, ќе ги утешам и ќе ги развеселам по жалоста.“ (Еремија 31,13)

„А Самоил зеде еден камен и го постави меѓу Миспа и Сена и го нарече Евен Езер (Камен на Помош), говорејќи: ‘Господ ни помогна дотука.’“ (1. Самуилова 7,12)

Да ги гледаме монументалните столбови, потсетниците на она што го сторил Господ за да нѐ утеши и да нѐ спаси од рацете на уништувачот. Живо да си припомнуваме за секое дело проникнато со нежно милосрдие што ни го сторил Бог ­ за солзите што ни ги избришал, за болките што ни ги ублажил, за грижите што ни ги отстранил, за стравот што ни го растерал, за потребите што ни ги задоволил, за благословите што ни ги излеал ­ и со тоа да се засилиме за она што нѐ очекува во текот на остатокот од нашиот поклоненички пат.

Судирот што е пред нас може да ни донесе само нови неволји, но, на она што се одиграло во минатото, како и на она што ќе се случи во иднина, можеме да гледаме и да кажеме: „Довде ни помогна Господ!“ „Додека траат твоите денови, ќе трае и твојата сила!“ (Второзаконие 33,25). Неволјата никогаш нема да ја надмине силата што ни е дадена да ја поднесеме. Според тоа, да прифатиме работа таму каде што ќе најдеме, верувајќи дека, без оглед на сѐ што ќе се случи, ќе ни биде дадена доволна сила да ја поднесеме неволјата.

Наскоро вратата на небото ќе се отвори да ги прими Божјите деца, а од усните на Царот на славата, како најубава музика, ќе се слушнат зборови на благослов: „Дојдете благословени од мојот Отец, наследете го царството што ви е приготвено од создавањето на светот“ (Матеј 25,34). (Патот кон Христа, стр. 125. оригинал)

13 ноември - Крштевањето
12 ноември - Бидете утврдени да ги издржите неволјите и искушенијата
11 ноември - Зашто дава мудрост и разбирање
10 ноември - Божјата порака упатена до мене
9 ноември - Примање на Речта со радост и веселба
8 ноември - Потполна среќа
7 ноември - Мир и радост во Духот
6 ноември - Радост поради купување на богатството
5 ноември - Објавување на Радосната вест на ближните
4 ноември - Павле и Варнава ја носат Радосната вест во Антиохија

Pin It on Pinterest