14 декември – Ангелите се грижат за грешниот човек

„Така, ви велам, се радуваат Божјите ангели, заради еден грешник, кој се кае.“ (Лука 15,10)

Ангелите паднале ничкум пред нозете на својот Заповедник, нудејќи го својот живот за жртва заради човекот. Но животот на еден ангел не би можел да го отплати долгот; само Оној кој го создал човекот имал моќ да го искупи. Меѓутоа, ангелите сепак требало да соработуваат во планот на откупувањето. Христос требало да биде сторен помалечок „од ангел… со цел, со Божјата милост за сите да вкуси смрт“. Бидејќи Тој треба да прими на себе човечка природа, Неговата сила нема да биде еднаква на нивната, па тие ќе треба да му служат да го крепат и да му ги ублажуваат страдањата. Тие исто така требало да бидат „службени духови определени да им служат на оние што ќе го наследат спасението”. Нивна задача ќе биде следбениците на милоста да ги штитат од лошите ангели и да ја растеруваат темнината со која сатаната постојано ги обвива. (Патријарси и пророци, стр. 64.65. оригинал)

Ако имате заедница со Христа, вие секое човечко суштество ќе го проценувате според Неговата проценка. Вие ќе ја чувствувате кон другите истата длабока љубов што ја чувствувал Христос кон вас. И тогаш ќе бидете во состојба да ги придобивате, а не да ги натерате, да ги привлечете, а не да ги одбиете оние за кои Тој умрел…

Во ова дело соработуваат сите небесни ангели. Сите небесни извори им стојат на располагање на тие што се трудат да ги избават загубените. Ангелите ќе ви помогнат да ги досегнете и најнемарните и најтврдите. И кога еден од нив ќе се врати кај Бога, ќе се радува цело небо; серафимите и херувимите ќе ги земат своите златни харфи и ќе му пеат слава на Бога и на Јагнето заради нивната милост и добрина кон синовите човечки. (Христови параболи, стр. 197. оригинал)

4 октомври - Мојсеј и Јотор се радуваат затоа што Бог го избавил Израел
3 октомври - Ана се израдувала затоа што Бог ја услишил нејзината молитва
2 октомври - Сара се израдувала затоа што добила син
1 октомври - Аврам се израдувал бидејќи го видел Христа
30 септември - Љубезните зборови даваат помош и охрабрување
29 септември - Љубезните зборови се сладост за душата и здравје за телото
28 септември - Љубезните зборови им припаѓаат на оние со чисти срца
27 септември - Победниците ќе имаат Божји харфи
26 септември - Свирете победоносни песни
25 септември - Затрубете во труба во храмот Господов

Pin It on Pinterest