2 септември – Со песна, тапан, гусли и псалтир

„Пејте Му радосно на Бога, на нашата сила, пејте Му радосно на Јакововиот Бог! Нека зазвучат жиците, нека се чуе тапанчето, свирете со милозвучен псалтир!“ (Псалм 81,1.2)

Бог се слави со песни на благодарност кои потекнуваат од чистото срце исполнето со љубов и преданост кон Него… Оние што строго се придржуваат на опомените и упатствата на Божјото Слово, трудејќи се со молитва да ја дознаат и да ја творат Неговата света волја, често и не ги забележуваат ситните тешкотии што секојдневно се испречуваат. Благодарноста што ја чувствуваат и Божјиот мир што владее во нив ги наведува во срцето да Му пеат на Господа и со соодветни зборови да ја изразуваат благодарноста за љубовта на драгиот Спасител, кој толку ги засака што умре за нив за тие да имаат вечен живот. (Сведоштва за црквата, вол. 1, стр. 509)

Божјите деца не треба да бидат потчинети на чувствата и емоциите. Кога се колебаат меѓу надежта и стравот, срцето на Христос се жалости; зашто Тој им дал непобитен доказ за Својата љубов. Тој сака тие да бидат утврдени, зајакнати и цврсто втемелени во пресветата вера. Тој сака да го извршуваат делото што им го дал; тогаш нивните срца во Неговите раце ќе станат како свети харфи, чија секоја жица ќе испраќа пофалба и благодарност кон Оној Кого Бог го испратил да ги земе гревовите на светот. (Testimonies to Ministers, p. 518)

14 ноември - Обичните луѓе можат да ја разберат Твојата реч
13 ноември - Крштевањето
12 ноември - Бидете утврдени да ги издржите неволјите и искушенијата
11 ноември - Зашто дава мудрост и разбирање
10 ноември - Божјата порака упатена до мене
9 ноември - Примање на Речта со радост и веселба
8 ноември - Потполна среќа
7 ноември - Мир и радост во Духот
6 ноември - Радост поради купување на богатството
5 ноември - Објавување на Радосната вест на ближните

Pin It on Pinterest