„Сиот собир на оние, кои се вратија од ропство, направи сеници, и живееја во нив – Израелците не го правеа тоа од времето на Исус, Навиновиот син, сè до тој ден. И беше мошне голема радост.“ (Неемија 8,17)
Во определеното време – на Денот на помирувањето, десеттиот ден од седмиот месец – била извршена света служба според Господовата заповед.
Народот и свештениците уште еднаш, како што го правеле тоа некогаш, го празнувале празникот Сеници од петнаесеттиот до дваесет и вториот ден истиот месец. Било објавено „по сите градови свои и во Ерусалим велејќи: одете во гората, и донесете маслинови гранки и гранки од дива маслинка, гранки од миро и палмови гранки, и гранки од другите дрвја со лисја, за да направите сеници, како што е напишано. И народот отиде и донесе гранки, и направија сеници, секој на својот кров и на својот трем и во тремот на Божјиот дом… И имаше мошне голема радост.“ (Пророци и цареви, стр. 665. оригинал)
Израелците се вратиле кај Бога со неизмерна скрб во душата поради своето отпадништво. Тие во жалост и солзи ги признале своите гревови. Признале дека Бог бил праведен кон нив и се заветувале дека ќе го извршуваат Неговиот закон. Сега дошло време да покажат вера во Неговите ветувања. Бог го примил покајанието на Израел и народот сега требал да се радува што му биле простени гревовите и што повторно ја стекнал Божјата благонаклоност. (Пророци и царви, стр. 667.668. оригинал)
