14 ноември – Обичните луѓе можат да ја разберат Твојата реч

„Самиот Давид Го наречува ‘Господ’ – како може тогаш да му биде син? И големо множество Го слушаше со задоволство.“ (Марко 12,37)

Начинот на кој Христос поучувал бил прекрасен и привлечен, а секогаш се одликувал со едноставност. Тој ги откривал тајните на небесното царство користејќи слики и симболи што им биле познати на Неговите слушатели, па обичниот народ со задоволство Го слушал, зашто можел да ги разбере Неговите зборови. Не употребувал возвишени и сложени зборови, за чие разбирање било неопходно да се консултира речник.

Исус ги илустрирал славата и величественоста на Божјото царство преку искуствата и настаните од земниот живот. Со сочувствителна љубов и нежност ги охрабрувал, утешувал и поучувал сите што Го слушале, зашто на Неговите усни била излеана благодат, за да може на најпривлечен начин да им ги пренесе на луѓето богатствата на вистината. (Counsels to Teachers, p. 240)

Гласот на Спасителот бил како музика за ушите на оние што биле навикнати на едноличното и безживотно проповедање на книжниците и фарисеите. Тој зборувал бавно и впечатливо, нагласувајќи ги зборовите на кои сакал Неговите слушатели да им посветат посебно внимание. И старите и младите, и неуките и образованите, можеле целосно да го разберат значењето на Неговите зборови… Народот внимателно Го слушал, а за Него било речено дека не зборува како книжниците и фарисеите, зашто Неговите зборови биле зборови на Оној што има власт. (Counsels to Teachers, p. 239)

14 ноември - Обичните луѓе можат да ја разберат Твојата реч
13 ноември - Крштевањето
12 ноември - Бидете утврдени да ги издржите неволјите и искушенијата
11 ноември - Зашто дава мудрост и разбирање
10 ноември - Божјата порака упатена до мене
9 ноември - Примање на Речта со радост и веселба
8 ноември - Потполна среќа
7 ноември - Мир и радост во Духот
6 ноември - Радост поради купување на богатството
5 ноември - Објавување на Радосната вест на ближните

Pin It on Pinterest