5 август – Кога можам да Го поведам Исуса со себе

„Имаш ли вера? Имај си ја за себе пред Бога! Блажен е оној, кој не се осудува себеси за она, што го смета за добро.“ (Римјаните 14,22)

Оние што ја наоѓаат вистинската среќа мора да го имаат небесниот благослов врз сè што поседуваат и врз сè што прават. (Порака до младите, стр. 440. оригинал)

Никогаш да не го изгубиме од вид фактот дека Исус е извор на радост. Тој не ужива во бедата на луѓето, туку сака да ги гледа среќни. Христијаните имаат многу извори на среќа што им стојат на располагање и можат со сигурност да кажат кои задоволства се дозволени и исправни. Тие можат да уживаат во такви облици на одмор и разонода што нема да го расеат умот ниту да ја расипат душата, што нема да разочараат и да остават тажни последици кои ја уништуваат самопочитта или го попречуваат патот кон корисната служба. Ако можат да Го земат Исуса со себе и да задржат молитвен дух, тие се сосема безбедни. (Порака до младите, стр.38. оригинал)

Секоја разонода во која можете да учествувате, барајќи го Божјиот благослов врз неа со вера, нема да биде опасна. Но секоја разонода што ве прави неспособни за тајна молитва, за побожност пред молитвениот олтар или за учество на молитвените состаноци, не е безбедна, туку опасна. (Порака до младите, стр. 386. оригинал)

23 август - Подбивен смев и несоодветни шеги
22 август - Безумие, неразумност и бесмислица
21 август - Кога се прави беззаконие
20 август - Горчина
19 август - Грешните желби одвлекуваат од правиот пат
18 август - Лажна наука
17 август - Лажни задоволства - познавање на злото
16 август - Треба да се оддалечиме од нив
15 август - Грешните задоволства ја уништуваат врската со Бога
14 август - Грешните задоволства го попречуваат плодоносниот живот

Pin It on Pinterest