26 септември – Свирете победоносни песни

„Тогаш Ароновата сестра, пророчицата Маријам, зеде тапанче во раката, а сите жени и се придружија со тапанчиња во рацете и играјќи, Маријам им ја отпеа песната: „Запејте Му на Господа, зашто се прослави со слава! Коњот со коњаникот го фрли во морето.“ (Излез 15,20.21)

Една единствена ноќ била доволна да им донесе потполно спасение од најужасната опасност. Тоа огромно беспомошно мноштво за борба неспособни робови, жени деца и добиток, со море пред себе и со силни чети на Египќани зад себе видело како низ водата им се отвора патека и како нивните непријатели, во мигот на очекуваниот триумф, биле удавени. Ги ослободил лично Јехова и нему му се обратиле сите срца со благодарност и вера. Своите чувства ги изразиле во похвална песна. Врз Мојсеја слегол Божјиот Дух и Тој ја повел победоносната песна на благодарност, прва и највозвишена од сите песни што им се познати на луѓето…

Овој возвишен фалбоспев бликал од грлата на безброј илјадници Израелови како што се издигнува глас од голема длабина. Песната ја прифатиле и израелските жени кои, кога излегле во логорот со тапани и свирки, ги предводела Марија, сестрата на Мојсеја. Веселиот фалбоспев се разлевал далеку преку пустината и морето, а планините го враќале одгласот на нивниот рефрен: „Ќе му пеам на Господа зашто славно се прослави!“…

Таа песна не е песна само на еврејскиот народ. Таа однапред укажува на уништувањето на сите непријатели на правдата, и на крајната победа на Божјиот народ. (Патријарси и пророци, стр. 288.289. оригинал)

4 октомври - Мојсеј и Јотор се радуваат затоа што Бог го избавил Израел
3 октомври - Ана се израдувала затоа што Бог ја услишил нејзината молитва
2 октомври - Сара се израдувала затоа што добила син
1 октомври - Аврам се израдувал бидејќи го видел Христа
30 септември - Љубезните зборови даваат помош и охрабрување
29 септември - Љубезните зборови се сладост за душата и здравје за телото
28 септември - Љубезните зборови им припаѓаат на оние со чисти срца
27 септември - Победниците ќе имаат Божји харфи
26 септември - Свирете победоносни песни
25 септември - Затрубете во труба во храмот Господов

Pin It on Pinterest