10 октомври – Израел му се вратил на Бога и се радувал

„И левитите го смируваа сиот народ, велејќи: ‘Смирете се: ова е свет ден. Не тажете!’ И сиот народ отиде да јаде и да пие, и да испраќа оброци, и да слави голема прослава: зашто ги сфатија зборовите, кои им беа објавени.“ (Неемија 8,11.12)

Настапило време за празникот на Трубите. Во Ерусалим се собрало големо мноштво. Глетката едновремено била и тажна и интересна. Ѕидовите околу Ерусалим биле повторно подигнати и портите поставени, но поголемиот дел од градот бил сѐ уште во урнатини. На дрвена платформа, издигната сред една од најшироките улици и опкружена со тажни остатоци од некогашната Јудина слава, застанал Ездра, сега веќе човек во години.…

Некои од свештениците и Левитите му помогнале на Ездра да ги објасни начелата на законот… „Ушите на целиот народ беа обрнати кон книгата на законот.“ Внимателно и со почит ги слушале зборовите на Севишниот. Додека законот бил објаснуван, тие ја сфатиле својата вина и се ражалостиле поради своите престапи. Меѓутоа, тој ден бил ден за славење, ден на радост, свет собор; ден во кој Господ му заповедал на народот да се весели и да се радува. Народот бил повикан да ја совлада тагата и да се радува на големата Божја милост…

Првиот дел од денот бил посветен на богослужение, а останатиот дел од времето народот го поминал сеќавајќи се со благодарност на Божјите благослови и уживајќи во благодетите со кои ги опсипал. На сиромашните коишто не биле во состојба сами нешто да приготват, им бил даден дел. Меѓу собраните владеела голема радост што ги слушале и ги разбирале зборовите на Законот. (Пророци и цареви, стр. 661.662. оригинал)

10 октомври - Израел му се вратил на Бога и се радувал
9 октомври - Израел се радувал на посветувањето на Храмот
8 октомври - Јуда пронашол радост во пасхалната свеченост
7 октомври - Јуда се радувал на обновувањето на Храмот
6 октомври - Израел се радувал на Божјата добрина
5 октомври - Израел се радувал што можел да приложи за Храмот
4 октомври - Мојсеј и Јотор се радуваат затоа што Бог го избавил Израел
3 октомври - Ана се израдувала затоа што Бог ја услишил нејзината молитва
2 октомври - Сара се израдувала затоа што добила син
1 октомври - Аврам се израдувал бидејќи го видел Христа

Pin It on Pinterest