7 јуни – Христијанското заедништво се огледа во охрабрување на верниците

„Откако браќата, чуја за нас, ни излегоа во пресрет до Апиевата Ширина и до Трите Крчми. Кога Павле ги виде Му благодари на Бога и се охрабри.“ (Дела 28,15)

Павле со тешко срце одел во пресрет на својата долго сакана посета на престолнината на светот. Колку многу се разликувале околностите од она што некогаш го очекувал! Како, вака окован и жигосан, Ќе го проповеда евангелието?…

Најпосле патниците пристигнале до Апиев Форум, околу шеесет и пет километри од Рим. Додека се пробивале низ густата толпа свет што се тискала на големиот крстопат, на седиот старец, окован заедно со група, очигледно окоравени злосторници, му биле упатувани многу презриви погледи и мноштво сурови, подбивни шеги.

Одненадеж се слушнал радосен извик, и еден човек се изделил од толпата поминувачи и паднал околу вратот на седиот заточеник, прегрнувајќи го со солзи радоснички, како син што би го пречекал долго отсутниот татко. Таа сцена се повторувала…

Бидејќи одушевените ученици со огнено срце и копнежливо се собрале околу својот татко во евангелието, групата се запрела. Војниците станале нестрпливи поради таквите задржувања, но сепак, немале срце да ја прекинат толку срдечната средба, зашто и самите научиле да го почитуваат и да го ценат седиот заточеник…

Малку има такви кои го сфаќаат значењето на зборовите на Лука дека Павле, кога повторно ги видел своите браЌа, „му заблагодари на Бога и се охрабри“. Наоѓајќи се така среде група верници кои плачеле, кои му укажувале љубов и не се срамеле од неговите окови, апостолот гласно го фалел Бога. Исчезнал облакот на тага кој заканувачки се реел над неговиот дух. Неговата христијанска работа и неговиот живот претставувале низа тешкотии, патила и разочарувања, но во тој миг почувствувал дека за сето тоа е богато награден. Со поцврст чекор и со радосно срце го продолжил својот пат. (Делата на апостолите, стр. 448.449. оригинал)

7 јуни - Христијанското заедништво се огледа во охрабрување на верниците
6 јуни - Христијанското заедништво се огледа во молитвите за душите
5 јуни - Нашите срца се охрабрени
4 јуни - Христијанското заедништво им пренесува радост на другите
3 јуни - Христијанското заедништво се огледа во радоста со другите
2 јуни - Христијанското заедништво се огледа во живеење во хармонија со браќата
1 јуни - Христијанското заедништво се огледа во меѓусебната љубов
31 мај - Бог го отстранува стравот
30 мај - Во Христовата сила која носи победа
29 мај - Ведрината се темели на пријателството со Исуса

Pin It on Pinterest