10 февруари – Оние што ја следат вистината

„Одвратни Му се на Господа лажливите усни, а Му се мили кои зборуваат вистина.“ (Пословици 12,22)

Сѐ што прават христијаните мора да биде јасно како сончевата светлина. Вистината е од Бога, а лагата, во сите свои облици потекнува од сатаната и секој оној што на каков било начин скршнува од правиот пат на вистината, самиот се препушта на силата на злото. Сепак, не е едноставно ниту лесно да се каже правата вистина. Вистината можеме да ја кажаме само ако ја познаваме; колку пати однапред создаденото мислење, предрасудите, недоволното знаење или погрешната проценка го спречуваат правилното разбирање на проблемот што мораме да го решаваме. Вистината можеме да ја кажеме само ако со нашиот разум постојано управува Оној кој и самиот е Вистина…

Оние кои се научиле од Христа нема да учествуваат „во бесплодните дела на темнината“ (Ефесјаните 5,11). Како во говорот, така и во животот, тие ќе бидат едноставни, непосредни и искрени, бидејќи се подготвуваат за заедница со оние свети во чии усти „измама не се најде“ (Откровение 14,5). (Мисли од гората на блаженствата, стр. 68.69. оригинал)

14 ноември - Обичните луѓе можат да ја разберат Твојата реч
13 ноември - Крштевањето
12 ноември - Бидете утврдени да ги издржите неволјите и искушенијата
11 ноември - Зашто дава мудрост и разбирање
10 ноември - Божјата порака упатена до мене
9 ноември - Примање на Речта со радост и веселба
8 ноември - Потполна среќа
7 ноември - Мир и радост во Духот
6 ноември - Радост поради купување на богатството
5 ноември - Објавување на Радосната вест на ближните

Pin It on Pinterest