14 мај – Љубовта кон богатството е заменета со љубовта кон Бога

„Го прашаа и војниците: ‘Што да правиме ние?’ И им рече: ‘Не измачувајте никого и не клеветете, и бидете задоволни со своите плати!’“ (Лука 3,14)

Себичниот среброљубец живее само затоа себеси да си обезбеди богатство и чест и да ги ужива задоволствата на овој свет. (Христови параболи, стр. 101. оригинал)

Оние што го сакаат своето земно богатство повеќе од своите ближни, повеќе од Бог и вистината на Неговото Слово, и кои дозволуваат срцето да им се прилепи за нивното богатство, нема да го наследат вечниот живот… налик на богатиот младич што е спомнат во евангелието, мнозина си заминуваат нажалени затоа што не можат да ги имаат и земното и небесното богатство. И затоа што не можат да го имаат и едното и другото, тие поради минливото овоземно богатство го жртвуваат вечниот живот…

Љубовта кон Христос и љубовта кон земното богатство не можат да живеат заедно во срцето. Љубовта кон Бога е толку повозвишена од љубовта кон богатството, така што оној што ја поседува раскинува со своето минливо богатство и сета своја наклоност му ја посветува само на Бог. Таа љубов тогаш го наведува со својот имот да го помага Божјото дело. Најголемо задоволство тој сега наоѓа во тоа исправно да располага со добрата на својот Господар. (Сведоштва за црквата, вол. 1, стр. 172. оригинал)

4 октомври - Мојсеј и Јотор се радуваат затоа што Бог го избавил Израел
3 октомври - Ана се израдувала затоа што Бог ја услишил нејзината молитва
2 октомври - Сара се израдувала затоа што добила син
1 октомври - Аврам се израдувал бидејќи го видел Христа
30 септември - Љубезните зборови даваат помош и охрабрување
29 септември - Љубезните зборови се сладост за душата и здравје за телото
28 септември - Љубезните зборови им припаѓаат на оние со чисти срца
27 септември - Победниците ќе имаат Божји харфи
26 септември - Свирете победоносни песни
25 септември - Затрубете во труба во храмот Господов

Pin It on Pinterest