3 август – Небото ја одобрува послушноста и службата

„Ако послушаат и Му се покорат, нивните денови завршуваат во благопријатност, нивните години во радост.“ (Јов 36,11)

Христијанинот има извор на сила и среќа што им е непознат на љубителите на световните задоволства. (Сведоштва за црквата, вол. 1. стр. 616. оригинал)

Обратувањето е дело кое мнозина не умеат да го ценат. Не е мала работа да се преобрази еден земски дух склон кон грев и да се доведе до познавање на неискажливата Христова љубов, богатството на Неговата благодат и Божјата возвишеност, така што душата ќе биде проникната со божествената љубов и обземена со небесните тајни. Човекот кој го разбира ова гледа на својот поранешен живот со згрозување и омраза. Тој го мрази гревот и доаѓајќи со понизно срце кај Господа, спремен е да Го прими Христа како живот и радост во душата. Тој се откажува од поранешните задоволства. Тој има нови мисли, нови чувства, нови интереси, нова волја; нови се и неговите страдања, желби и љубов. Тој се одвојува од телесните желби, желбата на очите и гордоста на животот кои порано ги ставал пред Христа и сега Христос станува копнеж на неговиот живот, круна на неговата радост. Небото, кое порано за него немало никаква привлеченост, сега му се открива во својата величествена слава; тој го смета за свој иден дом каде што ќе го гледа, љуби и слави Оној кој го откупил со Својата скапоцена крв. (Сведоштва за црквата, вол. 2. стр. 294. оригинал)

Божјата реч која порано била неинтересна и здодевна, станува предмет на проучувања и советник. Тоа е писмото кое сам Бог му го напишал и носи печат на Вечниот. (Сведоштва за црквата, вол. 2. стр. 295. оригинал)

Делата на светоста, кои порано му се чинеле тешки, сега претставуваат негова радост. (Сведоштва за црквата, вол. 2. стр. 294.295. оригинал)

24 октомври - Учениците се израдувале кога Го виделе воскреснатиот Господ
23 октомври - Двете Марии се израдувале на веста за воскресението
22 октомври - Седумдесеттемина ученици се израдувале на Неговата сила
21 октомври - Закхеј радосно Го примил
20 октомври - Радоста на Јован исполнета додека го подготвува патот за Спасителот
19 октомври - Захарија и Елисавета се израдувале на раѓањето на својот син
18 октомври - Мноштвото се израдувало на Христовото царско влегување
17 октомври - Мудреците се израдувале на Господовото водство
16 октомври - Дариј многу се израдувал затоа што Даниеловиот Бог е моќен
15 октомври - Евреите се радувале на избавувањето од смртта

Pin It on Pinterest