19 aприл – За да можеме да утешиме други

„Благословен Бог и Таткото на нашиот Господ Исус Христос, Татко на милосрдноста и Бог на секоја утеха, Кој нè утешува во секоја наша неволја, за да можеме и ние да ги утешуваме оние, кои се наоѓаат во каква и да е неволја, со утехата со која Бог нè утешува нас самите.“ (2. Коринтјаните 1,3.4)

Многу утешни пораки примила Црквата преку пророците од дамнешни времиња. Бог му доверил таква задача и на Исаија: „Тешете го, тешете го Мојот народ“ (Исаија 40,1). Заедно со оваа задача пророкот добил и прекрасни виденија кои на верниците им влевале надеж и радост низ сите векови. Презрени од луѓе, прогонети и напуштени, Божјите деца сепак се одржале благодарение на Неговите верни ветувања. Со вера го очекувале времето кога ќе се исполнат ветувањата дадени на Неговата црква. „Затоа што беше изоставен и намразен… Јас ќе те направам вечна слава, и радост од род во род“ (Исаија 60,15). (Пророци и цареви, стр. 722.723. оригинал)

Затоа да не негодуваме и да не се жалиме што во овој живот не сме ослободени од разочарувања и неволи. Ако во Божјото провидение сме повикани да поднесеме искушенија, треба да го примиме крстот и да ја испиеме горчливата чаша, знаејќи дека Татковата рака ја става на нашите усни. Треба да се надеваме на Него во ноќно време и во ден. Зар не можеме да веруваме дека Тој ќе ни даде сѐ што ни е потребно за наше добро? „Оној Кој не го поштеди ни Својот сопствен Син, туку го предаде за нас сите, зар нема да ни подари со Него сѐ?“ (Римјаните 8,32). Дури и во ноќ на страдања, кога ќе се сетиме за љубовта која е покажана кон нас на крстот на Голгота, како можеме да одбиеме да го подигнеме своето срце и својот глас во благодарност и величење на Господа? (Сведоштва за црквата, вол. 5, стр. 316. оригинал)

„Воскликнувајте, небеса, весели се земјо, подвикнувајте од веселба планини; зашто Господ го теши Својот народ, Тој им е милостив на страдалниците.“ (Исаија 49,13)

13 септември - Песните на пофалба можат да ги отстранат грижите
12 септември - И природата пее
11 септември - Песните носат радост и веселба
10 септември - Песната е дел од богослужението
9 септември - Веселата песна ги издигнува мислите
8 септември - Веселата песна е оружје против обесхрабрувањата
7 септември - Пејте радосно
6 септември - Пофалбата го зајакнува телото и душата
5 септември - Со радосен глас
4 септември - Во домовите на праведните

Pin It on Pinterest