1 септември – Слави Го, цела земјо

„Воскликни му на Бога, сета земјо, опеј ја славата на Неговото име, подај Му достојна фала.“ (Псалм 66,1.2)

Да го славиме Бога со цело и искрено срце е исто толку наша должност колку и да се молиме. Ние мораме да му покажеме на светот и на сите небесни сили дека ја цениме прекрасната Божја љубов спрема паднатото човештво и дека очекуваме сѐ поголеми благослови од Неговото бесконечно изобилие. Многу повеќе отколку што правиме, би требало да зборуваме за драгоцените поглавја од нашето искуство. Кога ќе почувствуваме дека во нашиот живот на посебен начин дејствувала силата на Светиот Дух, нашата радост во Господа и нашата успешност во неговата служба многукратно ќе се зголемат ако зборуваме за Неговата добрина и за Неговите прекрасни дела што ги сторил за својот народ. (Христови параболи, стр. 299. оригинал)

Нaшитe пoфaлби и блaгoдaрнoст трeбa дa бидaт искaжaни прeку пeснa. Нaмeстo дa им дaвaмe нa нaшитe чувствa дa дojдaт дo изрaз, кoгa смe вo искушeниe трeбa дa сe издигнeмe кoн Бoгa вo живa вeрa и дa Гo вeличaмe сo пeснa нa блaгoдaрнoст… Пeснaтa e oружje, кoe вo сeкoe врeмe мoжeмe дa гo упoтрeбувaмe прoтив oбeсхрaбрувaњaтa. (Здравје и среќа, стр. 254. оригинал)

„Радувајте се секогаш во Господа,“ нè поттикнува апостол Павле; „и пак велам: радувајте се.“ (Филипјаните 4,4). Каква и да е вашата природа, Бог може така да ја обликува што таа ќе стане блага и слична на Христовата. Со практикување на жива вера можете да се одвоите од сè што не е во согласност со Божјиот ум и на тој начин да го внесете Небото во вашиот живот уште овде на земјата. Правејќи го тоа, на секој чекор ќе имате сончева светлина. Кога непријателот ќе се обиде да ја обвие душата со темнина, пејте за верата и зборувајте за верата, и ќе откриете дека преку пеењето и зборувањето сте се пренеле себеси во светлината. (Counsels to Parents, Teachers, and Students, p. 233)

13 ноември - Крштевањето
12 ноември - Бидете утврдени да ги издржите неволјите и искушенијата
11 ноември - Зашто дава мудрост и разбирање
10 ноември - Божјата порака упатена до мене
9 ноември - Примање на Речта со радост и веселба
8 ноември - Потполна среќа
7 ноември - Мир и радост во Духот
6 ноември - Радост поради купување на богатството
5 ноември - Објавување на Радосната вест на ближните
4 ноември - Павле и Варнава ја носат Радосната вест во Антиохија

Pin It on Pinterest