19 јули – Да работиме за доброто на другите

„Секој од нас нека му угодува на ближниот, во негова полза, за добро, зашто ни Христос не Си угодуваше Сам на Себеси, туку како што е напишано: ‘Хулите на оние, кои Те хулеа, паднаа на Мене.’“ (Римјаните 15,2.3)

Суштината на христијанството е токму во тоа да ги направи среќни и семејствата и општеството во целина. Сите оние кои поседуваат прав Христов Дух ќе ја отфрлат секоја неслога, себичност и кавга. (Сведоштва за црквата, вол. 4. стр. 520. оригинал)

Бог од човекот очекува сè повеќе да се издигнува и облагородува и ако тој се издигне до своето од Бога дадено достоинство, ќе стане посреќен во овој живот и поподготвен за слава и вечна награда во идниот живот.

Членовите на човечкото семејство со право можат да се наречат мажи и жени само доколку своите таленти на секој начин ги употребат за добро на другите. Христовиот живот ни служи како пример и човекот тесно соработува со Бога само ако, слично на ангелите, сочувствително ги ублажува неволите и страдањата на другите. (Сведоштва за црквата, вол. 4. стр. 520. оригинал)

Оние на кои настојувањето други да направат среќни не им причинува никакво особено задоволство и кои не се подготвени да се жртвуваат за добро на другите, го немаат Христовиот дух ниту духот на небото; бидејќи немаат ништо заедничко со работата на небесните ангели, не можат ниту да учествуваат во блаженството и среќата која им ја причинува таквата работа. Христос вели: „Така и на небото ќе биде поголема радост за еден грешник кој се кае, отколку за деведесет и девет праведници што немаат потреба од каење.“ Кога ангелите толку се радуваат на грешникот кој се кае, зар покајниците кои и самите се спасени со Христовата крв не се радуваат кога гледаат дека со нивниот труд се обратуваат и други кон Христа? Работејќи во склад со Христа и со светите ангели, ќе ја искусиме радоста која не може да се доживее во никоја друга работа. (Сведоштва за црквата, вол. 3. стр. 381.382. оригинал)

4 октомври - Мојсеј и Јотор се радуваат затоа што Бог го избавил Израел
3 октомври - Ана се израдувала затоа што Бог ја услишил нејзината молитва
2 октомври - Сара се израдувала затоа што добила син
1 октомври - Аврам се израдувал бидејќи го видел Христа
30 септември - Љубезните зборови даваат помош и охрабрување
29 септември - Љубезните зборови се сладост за душата и здравје за телото
28 септември - Љубезните зборови им припаѓаат на оние со чисти срца
27 септември - Победниците ќе имаат Божји харфи
26 септември - Свирете победоносни песни
25 септември - Затрубете во труба во храмот Господов

Pin It on Pinterest