17 мај – Задоволството се наоѓа во она што го дава небото

„А ти бараш чудеса за себе! Не барај го тоа! Зашто, ете, ќе навалам зло врз сè живо – зборува Господ. А тебе како плен ќе ти го подарам твојот живот во сите места каде ќе дојдеш.“ (Еремија 45,5)

Широката, длабока река која служи како меѓународна трговска и патничка сообраќајница се смета за благослов во светот; но што да речеме за малите потоци кои помагаат да настане оваа прекрасна река? Кога не би биле тие, реката би исчезнала. Од нив зависи и нејзиното постоење. Така и луѓето кои се повикани да водат некое големо дело, се почитувани како успехот на делото да може да им се припише само ним; но тој успех барал верна соработка на речиси безброј поскромни работници – работници за кои светот не знае ништо. Задачи за кои не се добива благодарност, работа за која не се добиваат признанија, тоа е делот на повеќето трудбеници во светот. Таквата судбина мнозина исполнува со незадоволство. Тие чувствуваат дека животот им е промашен. Но, малиот поток кој бесшумно се пробива низ шумичките и ливадите носејќи здравје, плодност и убавина, на свој начин е исто толку полезен како и широката река. Придонесувајќи за опстојувањето на реката, тој помага во постигнувањето на она што самиот никогаш не би можел да го постигне.

Оваа поука им е потребна на мнозина. Талентот претерано се издига и премногу се копнее за положба. Има премногу такви кои не прават ништо ако не бидат признаени како водачи; премногу такви на кои мора да им се оддаде почест за да покажат било каков интерес за работата. Она што ни е потребно да научиме да ги ползуваме силите и можностите што ги имаме совесно, на најдобар можен начин и да бидеме задоволни со делот кој Небото ни го одредило. (Воспитување, стр. 116.117. оригинал)

24 октомври - Учениците се израдувале кога Го виделе воскреснатиот Господ
23 октомври - Двете Марии се израдувале на веста за воскресението
22 октомври - Седумдесеттемина ученици се израдувале на Неговата сила
21 октомври - Закхеј радосно Го примил
20 октомври - Радоста на Јован исполнета додека го подготвува патот за Спасителот
19 октомври - Захарија и Елисавета се израдувале на раѓањето на својот син
18 октомври - Мноштвото се израдувало на Христовото царско влегување
17 октомври - Мудреците се израдувале на Господовото водство
16 октомври - Дариј многу се израдувал затоа што Даниеловиот Бог е моќен
15 октомври - Евреите се радувале на избавувањето од смртта

Pin It on Pinterest