17 јуни – Христијанското заедништво се огледа во самопожртвуваноста да им бидеме на благослов на другите

„Но, ако се и излевам како налевница врз жртвата и службата на вашата вера, се радувам и се радувам со сите вас. А исто така радувајте се и вие и радувајте се со мене.“ (Филипјаните 2,17.18)

Бог не ја прифаќа ниту највеличествената служба, освен ако сопственото јас не е положено на жртвеникот како жива жртва. (Сведоштва за црквата, вол. 7, стр. 248. оригинал)

Себичноста не смее да се крие во ниту едно катче или крајче од душата. Бог сака да се исполни небесниот план и небесен ред и хармонија да владее во секое семејство, во секоја институција. Кога општеството би го проникнувала таква љубов, ние би го виделе делувањето на благородните начела во христијанската финост и учтивост и во христијанското милосрдие кон оние што се откупени со Христовата крв. (Сведоштва за црквата, вол. 8, стр. 139.140. оригинал)

Исус дошол во човечки облик за да покаже со Својот живот што е тоа несебичност. И сите кои го прифаќаат овој принцип треба да бидат Негови соработници во прикажувањето на несебичноста во практичниот живот. (Воспитување. стр. 154. оригинал)

Не можеме да бидеме среќни додека сме преокупирани само со сопствените интереси… Ако им штетиме на другите, си штетиме и себеси. Ако ги благословуваме другите, се благословуваме и себеси; бидејќи влијанието на секое добро дело се одразува врз нашите сопствени срца. (Сведоштва за црквата, вол. 4, стр. 72. оригинал)

За и самите да бидеме среќни, мора да живееме за да ги правиме другите среќни. Добро е за нас да ги предадеме нашиот имот, нашите таленти и нашите чувства во благодарна посветеност на Христa, и на тој начин да најдеме среќа овде, а бесмртна слава во вечноста. (Сведоштва за црквата, вол. 3, стр. 251. оригинал)

21 јуни - Враќање на заблудените
20 јуни - Христијанското заедништво се огледа во работата за заблудените
19 јуни - Христијанското заедништво се огледа во љубезните зборови
18 јуни - Радости и таги
17 јуни - Христијанското заедништво се огледа во самопожртвуваноста да им бидеме на благослов на другите
16 јуни - Христијанско заедништво е кога се радуваме на туѓата среќа
15 јуни - Заедничка радост
14 јуни - Несебичната љубов на Јонатан како пример
13 јуни - Христијанското заедништво се огледа во заедничката работа за Бога
12 јуни - Христијанско заедништво е кога другите ги крепиме преку Христа

Pin It on Pinterest