23 мај – Бог се радува на враќањето на изгубениот син

„Но таткото им рече на своите слуги: ‘Бргу, донесете ја најубавата облека, и облечете го и ставете му прстен на раката, и обувки на нозете. Дотерајте го згоеното теле и заколете го, да јадеме и да се веселиме.“ (Лука 15,22.23)

Додека излегувал низ вратата на татковиот дом, тој весел, непромислен младич немал ниту поим за болката и копнежот што ги оставил во срцето на татко му. Додека танцувал и се гоштевал со своите разуздани другари, и не помислувал на сенката што се надвивала над неговиот дом. А ни сега, додека се движел изморен и болен по патот кон својот дом, не знаел дека некој го очекува да се врати. Но, „кога беше уште далеку“, таткото го препознал. Окото на љубовта е далекувидо. Дури ни пропаднатиот изглед, по толку години поминати во грев, не можел да го скрие синот од очите на таткото. ,Неговиот татко го здогледа и се сожали, па стрча кон него, му се фрли на вратот и го целиваше“, го прифаќа во долга, цврста и нежна прегратка.

Таткото не сакал да му дозволи на ниту едно презриво око да се подбива со бедата и парталите на неговиот син. Ја симнал од своите плеќи широката, прекрасна неметка и со неа го покрил истрошениот лик на својот син… Таткото цврсто го прегрнал и го вовел во домот. Не му дал можност да бара место на слуга. Тој е син, кој ќе биде почестен со најдобро што има во домот и кого слугите и слугинките ќе го почитуваат и ќе му служат.

Таткото им рекол на своите слуги: „Бргу, донесете ја најубавата облека, облечете го и ставете му прстен на раката и обувки на нозете. Дотерајте го згоеното теле и заколете го, да јадеме и да се веселиме, зашто овој мој син беше мртов и оживе, беше загубен и се најде. И почнаа да се веселат.“ (Христови параболи, стр. 203.204. оригинал)

24 октомври - Учениците се израдувале кога Го виделе воскреснатиот Господ
23 октомври - Двете Марии се израдувале на веста за воскресението
22 октомври - Седумдесеттемина ученици се израдувале на Неговата сила
21 октомври - Закхеј радосно Го примил
20 октомври - Радоста на Јован исполнета додека го подготвува патот за Спасителот
19 октомври - Захарија и Елисавета се израдувале на раѓањето на својот син
18 октомври - Мноштвото се израдувало на Христовото царско влегување
17 октомври - Мудреците се израдувале на Господовото водство
16 октомври - Дариј многу се израдувал затоа што Даниеловиот Бог е моќен
15 октомври - Евреите се радувале на избавувањето од смртта

Pin It on Pinterest