3 февруари – Христос ја делел радоста со Отецот

„Кога му ги поставуваше на морето неговите граници, за да не му се прелеат водите преку бреговите, кога ги поставуваше основите на земјата, бев покрај Него, како градежничка, бев радосна, од ден на ден, радувајќи се пред Него сето време.“ (Пословици 8,29.30)

Господарот на вселената во својот добротворен потфат не бил сам. Тој имал Соработник кој можел правилно да ги сфати Неговите намери и заедно со Него да се радува затоа што создадените суштества се направени среќни. „Од почеток беше Речта, и Речта беше кај Бога Речта беше Бог. Таа од почеток беше кај Бога“ (Јован 1,1.2). Христос, Речта, единородниот Божји Син, бил едно со вечниот Отец едно во суштината, во карактерот и во намерите единствено Суштество кое можело да проникне во сите Божји совети и намери. „Името му е: Красен советник, Бог силен, Отец вечен, Кнез мироносен“ (Исаија 9,6). „Неговиот искон е од дамнина, од вечни времиња“ (Михеј 5,2). А Божјиот Син, прикажан како „Реч“, кажува за себе: „Мене Господ ме поседуваше на почетокот на своето творештво, уште од памтивека, пред неговите дела. Јас сум поставена уште од вечноста… Кога и ги поставуваше темелите на земјата Јас бев со Великиот Градител, на секој нов ден му се радував и непрекинато пред него танцував“ (Пословици 8,22-30). (Патријарси и пророци, стр. 34. оригинал)

3 август - Небото ја одобрува послушноста и службата
2 август - Кога безбожникот ќе се одврати од своите патишта
1 август - На Бога Му е угодно она што е право
31 јули - Ангелите го исполнуваат ветувањето за божествена грижа
30 јули - Ангелите служат на потребите на луѓето
29 јули - Небесните војски и Божјите слуги и се радуваат на службата
28 јули - Ангелите соработуваат со нас
27 јули - Ангелите се радуваат со луѓето во спасувањето на изгубените
26 јули - Ја имаат Христовата радост кога ги гледаат спасените грешници
25 јули - Тие ја шират Неговата радост спасувајќи ги изгубените

Pin It on Pinterest