18 октомври – Мноштвото се израдувало на Христовото царско влегување

„И кога веќе наближуваше до стрмнината на Маслиновата Гора, целото множество ученици почна радосно и гласно да Го прославува Бога, за сите чудеса што ги видоа, велејќи: ‘Благословен е Царот, Кој доаѓа во Господово име! Мир на небото и слава на висините!’“ (Лука 19,37.38)

Христос при своето царско влегување се придржувал кон еврејскиот обичај. Животното на кое јавал било истото животно што го јавале израелските цареви, и пророштвото преткажало дека Месија така ќе дојде во своето царство. Штом го поставиле на магарето, низ воздухот се разнел победоносен извик. Мноштвото го поздравувало како Месија, како свој цар. Сега Исус ги прифатил почестите што порано не ги дозволувал, и учениците тоа го примиле како доказ дека наскоро ќе се остварат нивните радосни надежи, гледајќи го издигнат на престол.

Мноштвото било уверено дека настапил мигот за нивно ослободување. Во мечта ги гледале римските армии протерани од Ерусалим, а Израелците уште еднаш како независен народ. Сите биле среќни и возбудени. Луѓето меѓусебно се натпреварувале кој да му укаже поголема почит. Не можеле да му укажат чест со надворешен раскош и сјај, туку на дар му ја принеле благодарноста на своите среќни срца. Не можеле да го даруваат со скапоцени подароци, туку на неговата патека ги ширеле своите горни облеки како килим, постилајќи го патот со разлистени маслинови и палмови гранки. Победоносната поворка не можеле да ја поведат со никакви царски знамиња, туку сечеле широки палмови гранки, симбол на победата на природата, и со нив мафтале високо, силно радувајќи се и пеејќи фалбоспеви. (Копнежот на вековите, стр. 570. оригинал)

24 октомври - Учениците се израдувале кога Го виделе воскреснатиот Господ
23 октомври - Двете Марии се израдувале на веста за воскресението
22 октомври - Седумдесеттемина ученици се израдувале на Неговата сила
21 октомври - Закхеј радосно Го примил
20 октомври - Радоста на Јован исполнета додека го подготвува патот за Спасителот
19 октомври - Захарија и Елисавета се израдувале на раѓањето на својот син
18 октомври - Мноштвото се израдувало на Христовото царско влегување
17 октомври - Мудреците се израдувале на Господовото водство
16 октомври - Дариј многу се израдувал затоа што Даниеловиот Бог е моќен
15 октомври - Евреите се радувале на избавувањето од смртта

Pin It on Pinterest