7 мај – Исправното живеење го радува срцето

„Светлината се излева врз праведникот и радост за чистите во срцето.“ (Псалм 97,11)

Коренот на праведноста лежи во побожноста. Секое човечко суштество е праведно само ако има вера во Бога и ако одржува жива врска со Него. Како што цветот во поле има корен во почвата, како што тој мора да добива воздух, роса, дожд и сончеви зраци, така ние мораме да го добиваме од Бога она што е потребно за животот на душата. (Сведоштва за црквата, вол. 7, стр. 194)

Праведноста не се стекнува со мачни напори ниту со заморна работа, со дарови или жртви, туку таа претставува доброволен дар на секоја душа која е гладна и жедна за правда. (Мисли од гората на блаженствата, стр. 18. оригинал)

Праведноста е љубов, а љубовта е светлина и Божји живот. Божјата праведност е отелотворена во Христа. Примајќи го Него, ја примаме и праведноста. (Мисли од гората на блаженствата, стр. 18. оригинал)

Многумина… градат бариери меѓу себе и Исус, така што Неговата љубов не може да тече во нивните срца, а потоа се жалат дека не го гледаат Сонцето на Правдата. Нека заборават на себе и нека живеат за Исус, и небесната светлина ќе им донесе радост на нивните души. (Counsels to Parents, Teachers, and Students, p. 232)

24 октомври - Учениците се израдувале кога Го виделе воскреснатиот Господ
23 октомври - Двете Марии се израдувале на веста за воскресението
22 октомври - Седумдесеттемина ученици се израдувале на Неговата сила
21 октомври - Закхеј радосно Го примил
20 октомври - Радоста на Јован исполнета додека го подготвува патот за Спасителот
19 октомври - Захарија и Елисавета се израдувале на раѓањето на својот син
18 октомври - Мноштвото се израдувало на Христовото царско влегување
17 октомври - Мудреците се израдувале на Господовото водство
16 октомври - Дариј многу се израдувал затоа што Даниеловиот Бог е моќен
15 октомври - Евреите се радувале на избавувањето од смртта

Pin It on Pinterest