9 aприл – Кога го носам Христовиот срам

„Блажени сте ако ви префрлуваат за Христовото име, зашто тогаш Духот на славата и Божјиот Дух почива врз вас. Вистина, – според нив, Тој е похулен, но според вас, Тој е прославен. (1. Петрово 4,14)

Светот го сака гревот, а ја мрази праведноста, и тоа била причината за неговото непријателство кон Исуса. Сите што ќе ја одбијат Неговата бесконечна љубов, христијанството ќе го сметаат за фактор што вознемирува. Христовата светлина ја растерува темнината што ги покрива нивните гревови, создавајќи потреба од реформа. Додека едни, кои му се покоруваат на влијанието на Светиот Дух, почнуваат борба со самите себе, други, кои цврсто се држат за гревот, се борат против вистината и против нејзините носители.

На тој начин се создава раздор и Христовите следбеници ги обвинуваат како внесувачи на немир среде народот. Меѓутоа, пријателството со Бога им донесува непријателство од страна на овој свет. Тие ја носат Христовата срамота. Тие ја следат патеката што ја разгазиле најблагородните на земјата. Радосно, а не со жалост, треба да се соочат со прогонствата. Секое жестоко искушение е Божје средство за нивно облагородување. Секој таков тест ги оспособува за нивната работа како Негови соработници. Секој судир има свое место во големата борба за праведност и секој ќе придонесе за радоста на нивната животна победа. Имајќи го ова во предвид, тестот на нивната вера и трпение ќе биде радосно прифатен, без страв и одбегнување. (Копнежот на вековите, стр. 306. оригинал)

20 aприл - Кога Исус ќе истапи, радоста ќе ја замени тагата
19 aприл - За да можеме да утешиме други
18 aприл - Бог е мојата сила
17 aприл - Откривање на вината и злобата на гревот
16 aприл - Тој сака дури и мене да ме облагороди
15 aприл - Господ е нежен и трпелив
14 aприл - За моја полза
13 aприл - Бог дозволува неволји
12 aприл - Кога истрајуваме во молитва
11 aприл - Сите искуства се Божји работници

Pin It on Pinterest