23 септември – Одржувајте врска со Небото

„Тогаш ќе му пристапам на Божјиот жртвеник, при Бога – моја величествена радост. Со псалтир ќе Те славам, Боже, О Боже мој!“ (Псалм 43,4)

Преку песната, Давид, во својот бурен живот пропратен со многу промени, одржувал заедница со Небото. (Воспитување, стр. 164. оригинал)

Едноставното овчарче пеело песни што само ги составувало, а неговиот детски глас бил придружуван од хармонични звуци на харфа. (Патријарси и пророци, стр. 637. оригинал)

Секојдневните откровенија на карактерот и величеството на Творецот го исполнувале срцето на младиот поет со безгранична љубов и радост… Секој ден стапувал во сѐ потесен допир со Бога. Неговиот дух постојано навлегувал во нови длабини за таму да најде ново вдахновение за песната и за музиката на неговата харфа. Богатите мелодии на неговиот глас се прелевале во воздухот и се одгласувале од околните падини како одговор на радосната песна на небесните ангели…

Своите таленти како драгоцен Божји дар ги користел да ја издигне славата на божествениот Дарител. Имал прилика во тишина да посматра и да размислува, што го збогатило со мудрост и побожност, така што им станал мил и на Бога и на ангелите… Секој зрак на светлина предизвикувал нови изливи на одушевување и на се поубави фалбоспеви во чест на Бога и Спасителот. Љубовта што го поттикнувала, грижите што го мачеле, успесите што го придружувале, сето тоа било предмет на проучување и на негово постојано сфаќање; кога во настаните од својот живот ја согледувал Божјата љубов, срцето поогнено му чукало во молитва и благодарност, гласот му одекнувал со побогати мелодии, а неговата харфа звучела многу порадосно. (Патријарси и пророци, стр. 642. оригинал)

13 ноември - Крштевањето
12 ноември - Бидете утврдени да ги издржите неволјите и искушенијата
11 ноември - Зашто дава мудрост и разбирање
10 ноември - Божјата порака упатена до мене
9 ноември - Примање на Речта со радост и веселба
8 ноември - Потполна среќа
7 ноември - Мир и радост во Духот
6 ноември - Радост поради купување на богатството
5 ноември - Објавување на Радосната вест на ближните
4 ноември - Павле и Варнава ја носат Радосната вест во Антиохија

Pin It on Pinterest