20 август – Горчина

„Зар се зарадував на неволјите на непријателите и ликував кога го снајде зло… нека расте троскот на неа, место жито, и место јачмен нека расте какол насекаде!“ (Јов 31,29.40)

Горчината … му е туѓа на Христовиот дух. (Сведоштва за црквата, вол. 2, стр. 52. оригинал)

Исус, кога беше навредуван, злоставуван и понижуван, не возвраќаше. „Тој, Кој беше навредуван, не враќаше со навреда.“ Кога суровоста на луѓето Му нанесуваше болни удари и рани, Тој не се закануваше, туку Му се предаде на Оној кој суди праведно…

Дали слугата е поголем од својот господар? Христос ни дал пример со Својот живот и ние Го срамиме ако реагираме на секое најмало омаловажување или ако сакаме да се одмаздиме за секоја неправда, било вообразена или вистинска. Да се биде секогаш подготвен на одбрана, постојано да се внимава на своето достоинство не е одлика на благородниот дух. Многу е подобро сто пати да се претрпи неправда отколку да се ранува сопствената душа со одмаздољубивост или да се пуштаат уздите на својот гнев (Сведоштва за црквата, вол. 2, стр. 426.427. оригинал)

Никаква горчина не смее да има во нашето срце… О, љубоморо, колку зло направи со своето сомневање! Колку пати љубовта и пријателството се претвориле во горчина и омраза! Мораме да бидеме помалку горделиви, помалку чувствителни, помалку самољубиви, мртви за себичноста. (Сведоштва за црквата, вол. 2, стр. 566. оригинал)

„Не се радувај кога ќе падне твојот непријател, и не воскликнувај со срцето кога ќе се подлизне, за да не види Господ и за да не го земе тоа за зло, па да го сврти Својот гнев од него кон тебе.“ (Пословици 24,17.18)

23 август - Подбивен смев и несоодветни шеги
22 август - Безумие, неразумност и бесмислица
21 август - Кога се прави беззаконие
20 август - Горчина
19 август - Грешните желби одвлекуваат од правиот пат
18 август - Лажна наука
17 август - Лажни задоволства - познавање на злото
16 август - Треба да се оддалечиме од нив
15 август - Грешните задоволства ја уништуваат врската со Бога
14 август - Грешните задоволства го попречуваат плодоносниот живот

Pin It on Pinterest