4 мај – Радоста што доаѓа од Бога е трајна

„Ми даде радост во моето срце поголема од нивната, кога им се раѓа изобилно жито и вино.“ (Псалм 4,7)

Христијанинот не треба да му придава преголемо значење, ниту премногу да се потпира на минливиот занос на чувствата. Овие чувства не се секогаш веродостојни водичи. Настојувањето на секој христијанин треба да биде да Му служи на Бога од принцип, а не да биде воден од чувствата. Постапувајќи така, верата ќе се стави во дејство и ќе расте. (Сведоштва за црквата, вол. 1, стр. 161. оригинал)

Чувството не е вера. Тоа се два посебни поими. Верата треба да ја усовршуваме со вежбање, додека радосните чувства и благословите се дарови кои ги примаме од Бога. (Рани списи, стр. 72. оригинал)

Ако христијанинот живее смирен и пожртвуван живот, резултатот ќе биде мир и радост во Господа. (Сведоштва за црквата, вол. 1, стр. 161. оригинал)

Среќата која потекнува од овоземните извори е променлива, како што се променливи и различните животни околности; но Христовиот мир е постојан и траен. Тој не зависи од околностите на животот, од големината на световните добра или од бројот на пријателите што ги имаме на оваа земја. Христос е извор на жива вода, и среќата која потекнува од Него никогаш нема да изневери. (Мисли од гората на блаженствата, стр. 16. оригинал)

14 ноември - Обичните луѓе можат да ја разберат Твојата реч
13 ноември - Крштевањето
12 ноември - Бидете утврдени да ги издржите неволјите и искушенијата
11 ноември - Зашто дава мудрост и разбирање
10 ноември - Божјата порака упатена до мене
9 ноември - Примање на Речта со радост и веселба
8 ноември - Потполна среќа
7 ноември - Мир и радост во Духот
6 ноември - Радост поради купување на богатството
5 ноември - Објавување на Радосната вест на ближните

Pin It on Pinterest