16 декември – Ангелите нè штитат и водат

„Еве, го испраќам Својот ангел пред тебе, да те чува патем и да те доведе во местото што ти го приготвив.“ (Излез 23,20)

Оние што просто го повикувале ѓаволот да ги искушува, ќе мора да вложуваат очајнички напори за да се ослободат од неговата сила. Но штом ќе почнат да се залагаат за своето ослободување, Божјите ангели што тие ги жалостеле со своето застранување, веднаш ќе им помогнат. Сатаната и неговите ангели никогаш не се помируваат со тоа дека можат да го загубат својот плен. Тие се препираат и се борат со светите ангели, и таа борба е многу остра. Но кога оние што застраниле од вистинскиот пат ќе продолжат да се молат и во длабока понизност да ги признаваат своите гревови, Божјите ангели кои се надмоќни победуваат и ги ослободуваат од силата на злите ангели. (Сведоштва за црквата, вол.1, стр. 301)

Мајката често мисли дека нејзината работа не е важна. Тоа е работа која многу ретко се цени. На другите малку им се познати нејзините грижи и товари. Нејзините денови се преполни со извршување на мали должности, кои бараат трпеливи напори, самосовладување, тактичност, мудрост и самопожртвувана љубов. И покрај сето тоа, сепак не може да се пофали дека постигнала нешто големо. Таа толку добро работела во домот што сѐ течело како подмачкано… Таа мисли дека не направила ништо посебно. Но, тоа не е така. Небесните ангели ја набљудуваат загрижената мајка и од ден на ден ги бележат нејзините товари. Нејзиното име можеби не станало познато во светот, но тоа е запишано во Книгата на животот на Јагнето. (Counsels to Parents, Teachers, and Students, p. 144)

Иако владетелите на овој свет не го знаат тоа, сепак, на нивните советувања ангелите често ја воделе речта. Човечки очи ги гледале; човечки уши ги слушале нивните молби; човечка уста се противела на нивните предлози и ги исмевала нивните совети; човечки раце ги навредувале и малтретирале. (Големата борба, стр. 632. оригинал)

11 мај - Побожноста е потребна
10 мај - Весели се на добриот збор
9 мај - Тој копнее да ги усреќи Своите деца
8 мај - Предајте се на Божјото водство
7 мај - Исправното живеење го радува срцето
6 мај - Радувајте се на спасението
5 мај - Заедништвото со Бога носи радост
4 мај - Радоста што доаѓа од Бога е трајна
3 мај - Затоа што Бог ги исполнува Своите ветувања
2 мај - Бидејќи сум Негов сведок

Pin It on Pinterest