5 мај – Заедништвото со Бога носи радост

„Господ ми е секогаш пред очите; бидејќи ми е од десната страна, нема да се сопнам. Затоа ми се зарадува срцето и се развесели мојата слава, а моето тело се одмора во надеж.“ (Псалм 16,8.9)

Ако постојано го имаме пред себе Господа, ако му дозволуваме на нашето срце да му се обраќа со фалба и благодарност, нашиот верски живот постојано ќе се освежува. Нашите молитви ќе добијат вид на разговор со Бога како што се разговара со пријател. Тој сам ќе ни ги открива своите тајни. Мошне често ќе уживаме радост што произлегува од свеста за Исусовото присуство. Често нашето срце ќе гори во нас кога Тој ќе се приближува да разговара со нас, како што правел со Еноха. Кога тоа ќе стане дел на искуството на христијанинот, во неговиот живот ќе се забележи едноставност, скромност, кротост, понизност на срцето особини што на сите со кои доаѓа во допир ќе им покажат дека бил со Исуса и дека се научил од Него.

Кај оние што се опфатени со неа, Христовата религија ќе се открива како окрепувачко начело што проникнува, како жива, делотворна, духовна енергија. Кај нив ќе се покажува свежина, сила и радост на постојана младост. Срцето што ја прима Божјата реч не е бара што испарува, ниту напукнат кладенец кој го губи своето богатство. Тоа е слично на планински поток кој извира од непресушен извор, чијашто студена, искричава вода скока од карпа на карпа, освежувајќи ги уморните, жедните и тешко оптоварените. (Христови параболи, стр. 129.130. оригинал)

13 ноември - Крштевањето
12 ноември - Бидете утврдени да ги издржите неволјите и искушенијата
11 ноември - Зашто дава мудрост и разбирање
10 ноември - Божјата порака упатена до мене
9 ноември - Примање на Речта со радост и веселба
8 ноември - Потполна среќа
7 ноември - Мир и радост во Духот
6 ноември - Радост поради купување на богатството
5 ноември - Објавување на Радосната вест на ближните
4 ноември - Павле и Варнава ја носат Радосната вест во Антиохија

Pin It on Pinterest