„Ангелот пак им рече: ‘Не бојте се, зашто, еве, ви најавувам добра вест, голема радост, која ќе биде за сите народи: зашто денес ви се роди Спасител, во Давидовиот град, Кој е Христос Господ.’“ (Лука 2,10.11)
На полињата, на кои момчето Давид го пасело своето стадо, пастирите сѐ уште биле на ноќна стража. Во текот на тие тивки часови разговарале за ветениот Спасител и се молеле за доаѓањето на Царот на Давидовиот престол. „Наеднаш пред нив застана Господов ангел и ги осветли Господова слава од која многу се исплашија. Ангелот, пак, им рече: ‘Не бојте се, зашто еве, ви носам добра вест, голема радост, која ќе биде за сите народи: Денес, во Давидовиот град, ви се роди Спасителот, кој е Христос Господ’“. (Копнежот на вековите, стр. 47. оригинал)
Небесниот Господар се наоѓал среде својот народ. На светот му е предаден најголемиот Божји дар. Радост за сиромасите, зашто Христос дошол да ги стори наследници на своето царство. Радост за богатите, зашто ќе ги поучува како да си обезбедат вечно богатство. Радост за неучените, зашто Тој ќе ги вразуми за спасението. Радост за учените, зашто Тој ќе им открие подлабоки тајни отколку што тие кога било досегнале; со мисијата на Спасителот на луѓето ќе им бидат откриени вистините што биле скриени од создавањето на светот. (Копнежот на вековите, стр. 277. оригинал)
