15 aприл – Господ е нежен и трпелив

„Ќе се радувам и ќе се веселам во Твојата милост; зашто Ти ја виде мојата неволја, ја позна тагата на мојата душа.“ (Псалм 31,7)

О, колку е драгоцено и пријатно влијанието на Божјиот Дух кога доаѓа кај разочараните и потиштени души! Тој кај очајните буди храброст, слабите ги засилува и на искушуваните Божји слуги им дава храброст и помош! О, каков Бог имаме ние! Тој нежно постапува со заблудените и им го открива своето големо трпение и љубов кога се во неволја или кога душата им ја притиска некој голем јад. (Патријарси и пророци, стр. 657. оригинал)

Господ дозволува да наидат неволји за да можеме да се исчистиме од световноста, од себичноста, од грубите нехристијански црти на карактерот. Тој дозволува нашата душа да ја преплават длабоки води на неволји за да можеме да го запознаеме Него и Исуса Христа, кого го пратил, за длабоко во своето срце да почувствуваме копнеж да бидеме исчистени од секоја нечистотија и од проверката да излеземе почисти, посвети и посреќни. (Христови параболи, стр. 175. оригинал)

24 октомври - Учениците се израдувале кога Го виделе воскреснатиот Господ
23 октомври - Двете Марии се израдувале на веста за воскресението
22 октомври - Седумдесеттемина ученици се израдувале на Неговата сила
21 октомври - Закхеј радосно Го примил
20 октомври - Радоста на Јован исполнета додека го подготвува патот за Спасителот
19 октомври - Захарија и Елисавета се израдувале на раѓањето на својот син
18 октомври - Мноштвото се израдувало на Христовото царско влегување
17 октомври - Мудреците се израдувале на Господовото водство
16 октомври - Дариј многу се израдувал затоа што Даниеловиот Бог е моќен
15 октомври - Евреите се радувале на избавувањето од смртта

Pin It on Pinterest