10 јуни – Христијанското заедништво се огледа во довербата во нашите ближни

„Се радувам што можам во сè да се надевам на вас.“ (2. Коринтјаните 7,16)

Кога луѓето покажуваат доверба во своите ближни, тие се многу поблиску до тоа да го поседуваат Христовиот ум… Исус наоѓаше пристап до луѓето со посредство на она што им било најпознато… Тој го почести човекот со Својата доверба, и на тој начин му го поврати достоинството… Исус ја зеде човечката природа за да може да го пресретне човештвото. Тој ги доведува луѓето под преобразувачката моќ на вистината така што ги пресретнува таму каде што се. Тој добива пристап до срцето така што ја освојува нивната сочувствителност и доверба, правејќи сите да почувствуваат дека Неговото поистоветување со нивната природа и интерес е целосно. (Testimonies to Ministers, p. 189.190)

Да го негуваме духот на доверба во мудроста на нашите браќа… Поврзани со Божјата служба, ние мора индивидуално да сфатиме дека сме делови од една голема целина… Христовите работници треба да се стремат кон единство. Ние сме деца на исто семејство и имаме еден небесен Отец. Да не ги облекуваме облеките на потиштеност и да не негуваме сомнежи и недостиг на доверба во нашите браќа. Не треба да ги повредуваме нашите души собирајќи ги чичките и трњето, туку напротив, треба да ги собираме розите, лилјаните и каранфилите, и да го изразиме нивниот мирис во нашите зборови и постапки. (Testimonies to Ministers, p. 500.502)

Кога има хармонично дејствување меѓу поединечните членови на црквата, кога се манифестира љубов и доверба од брат кон брат, ќе има сразмерна сила и моќ во нашата работа за спасение на луѓето. (Testimonies to Ministers, p. 188)

„Радосен сум што имам полна доверба во вас.“ (2. Коринтјаните 7,16; Мофат)

10 јуни - Христијанското заедништво се огледа во довербата во нашите ближни
9 јуни - Христијанското заедништво се огледа во гостопримството
8 јуни - Пријатните дружења се угодни на небото
7 јуни - Христијанското заедништво се огледа во охрабрување на верниците
6 јуни - Христијанското заедништво се огледа во молитвите за душите
5 јуни - Нашите срца се охрабрени
4 јуни - Христијанското заедништво им пренесува радост на другите
3 јуни - Христијанското заедништво се огледа во радоста со другите
2 јуни - Христијанското заедништво се огледа во живеење во хармонија со браќата
1 јуни - Христијанското заедништво се огледа во меѓусебната љубов

Pin It on Pinterest