22 мај – Радоста Му причинува задоволство на Бога

„Не, Бог не ќе ги отфрли непорочните, ниту ќе ги потпре рацете на злосторниците. Смевот пак ќе ти ја наполни устата, а од усните ќе одекне воскликнување.“ (Јов 8,20.21)

Обележје на вистинскиот христијанин е секогаш пријатно расположение, света и срдечна доверба во Бога и потполна предаденост на Неговото провидение, што толку освежувачки делува на душата. (Сведоштва за црквата, вол. 3, стр. 377. оригинал)

Христос вели: „Ако некој сака да оди по Мене, нека се откаже од себе, нека го земе својот крст и нека врви по Мене.“ Ние не треба сами себеси да си правиме крстови; облекувајќи се во вреќи, ранувајќи го своето тело или откажувајќи се од здрава и корисна храна. Ние не треба да се повлекуваме во манастири и да се затвораме во манастирски ќелии, што подалеку од светот, и да не им правиме добро на нашите ближни, мислејќи дека тоа значи да го носиме крстот кој Христос ни го препорачува. Од нас не се бара без потреба да го изложуваме на опасност своето здравје и својот живот, ниту пак по висорамнината на христијанскиот живот да одиме плачејќи, сметајќи дека грев е да се биде пријатно расположен, задоволен, среќен и радосен. Сето тоа се крстови кои луѓето си ги прават сами на себе, но тоа не е крстот кој Христос го препорачува. (Сведоштва за црквата, вол. 4, стр. 626.627. оригинал)

Христијаните, чијашто душа е полна со меланхолија и тага, кои се жалат и мрморат, погрешно го прикажуваат Бога и христијанскиот живот пред своите ближни. Тие оставаат впечаток дека на Бога не му е мило неговите деца да бидат среќни и со тоа лажно сведочат против нашиот небесен Отец. (Патот кон Христа, стр. 116. оригинал)

24 октомври - Учениците се израдувале кога Го виделе воскреснатиот Господ
23 октомври - Двете Марии се израдувале на веста за воскресението
22 октомври - Седумдесеттемина ученици се израдувале на Неговата сила
21 октомври - Закхеј радосно Го примил
20 октомври - Радоста на Јован исполнета додека го подготвува патот за Спасителот
19 октомври - Захарија и Елисавета се израдувале на раѓањето на својот син
18 октомври - Мноштвото се израдувало на Христовото царско влегување
17 октомври - Мудреците се израдувале на Господовото водство
16 октомври - Дариј многу се израдувал затоа што Даниеловиот Бог е моќен
15 октомври - Евреите се радувале на избавувањето од смртта

Pin It on Pinterest