13 јуни – Христијанското заедништво се огледа во заедничката работа за Бога

„Се налути Господ на Мојсеја и рече: ‘Зар Арон, Левиецот, не е твој брат? Знам дека е тој многу красноречив. Еве, токму ти излегува во пресрет. Кога ќе те види, ќе се израдува во срцето.’“ (Излез 4,14)

Копнежот за љубов и сочувство во човечкото срце го всадил сам Бог. Во својата агонија во Гетсиманската градина и сам Христос копнеел за сочувство од своите ученици. И Павле, иако навидум рамнодушен кон неволјите и страдањата, копнеел за сочувство и друштво на пријателите. (Делата на апостолите, стр. 491. оригинал)

Иако треба да ја негуваме дружељубивоста, тоа нека не биде само за забава, туку за повисока цел. (Gospel Workers, p. 125)

Сите наши дружења со нашите сосмртници треба да бидат во соодветност со нивните вечни интереси, како и со нашите сопствени. (Сведоштва за црквата, вол. 4, стр. 236. оригинал)

Ние можеме да се дружиме заедно… и да правиме сè за Божја слава… Од сите овие пријатни дружења, ние сакаме да собираме нова сила за да станеме подобри мажи и жени. Од секој можен извор сакаме да црпиме нова храброст, нова сила, нова моќ, за да ги издигнеме нашите животи кон чистота и светост, а не да се спуштиме на ниското ниво на овој свет. (Сведоштва за црквата, вол. 2, стр. 586.587. оригинал)

4 октомври - Мојсеј и Јотор се радуваат затоа што Бог го избавил Израел
3 октомври - Ана се израдувала затоа што Бог ја услишил нејзината молитва
2 октомври - Сара се израдувала затоа што добила син
1 октомври - Аврам се израдувал бидејќи го видел Христа
30 септември - Љубезните зборови даваат помош и охрабрување
29 септември - Љубезните зборови се сладост за душата и здравје за телото
28 септември - Љубезните зборови им припаѓаат на оние со чисти срца
27 септември - Победниците ќе имаат Божји харфи
26 септември - Свирете победоносни песни
25 септември - Затрубете во труба во храмот Господов

Pin It on Pinterest