23 февруари – Спасителот се радува што носи мир и одмор

„Ја возљуби правдата, а го замрази беззаконието, затоа, о Боже, Твојот Бог Те помаза со масло на радоста, повеќе од Твоите соучесници.“ (Евреите 1,9)

Мнозина имаат погрешни поими за Христовиот живот и карактер. Тие мислат дека на Христа му недостигало топлина и ведрина, дека бил намуртен, остар и невесел. Во многу случаи целото верско искуство е обоено со вакви мрачни гледишта.

Често се зборува дека Исус плачел, а дека не е познато оти кога и да е се насмевнал. Нашиот Спасител навистина бил човек на болката, запознат со тагата, зашто го отворил своето срце за сите човечки страдања. Но, иако Неговиот живот бил полн со самооткажување, засенчен со болки и грижи, Неговиот дух не потклекнал. Неговото лице не изразувало болка и незадоволство, туку смирена ведрина. Неговото срце било извор на живот; и секаде каде што одел, донесувал одмор и мир, радост и веселба. (Патот кон Христа, стр. 120. оригинал)

13 ноември - Крштевањето
12 ноември - Бидете утврдени да ги издржите неволјите и искушенијата
11 ноември - Зашто дава мудрост и разбирање
10 ноември - Божјата порака упатена до мене
9 ноември - Примање на Речта со радост и веселба
8 ноември - Потполна среќа
7 ноември - Мир и радост во Духот
6 ноември - Радост поради купување на богатството
5 ноември - Објавување на Радосната вест на ближните
4 ноември - Павле и Варнава ја носат Радосната вест во Антиохија

Pin It on Pinterest