4 јуни – Христијанското заедништво им пренесува радост на другите

„И наполно уверен во тоа, знам дека ќе останам и ќе продолжам со сите вас, за ваше напредување и за радост во верата.“ (Филипјаните 1,25)

Преку помазаниците што стојат во Божјата присутност, полнотата на Божјата светлина, љубов и сила се пренесува на Неговиот народ, а преку нив и на останатите се излева светлина, радост и освежување. Оние кои на ваков начин се збогатиле, должни се да ги богатат и другите со богатствата на Божјата љубов. (Пророци и цареви, стр. 594. оригинал)

Вистинската вера се заснова на љубов кон Бога, љубов која нè наведува да се љубиме еден со друг. Таквата љубов е полна со благодарност, понизност, трпение, самопожртвување, воздржување, милост и простување. Таа го посветува сиот живот и своето благотворно влијание постојано го пренесува и на другите.

Оние кои го љубат Бога не можат да негуваат омраза и завист. Кога неминливата љубов како небесно начело ќе го обземе срцето, таа несопирливо се излева и на другите, не само затоа што тие ни се наклонети, туку затоа што љубовта е принцип на нашето делување, принцип кој го обликува нашиот карактер, ги контролира нагоните, ги потчинува страстите, го потиснува непријателството, ги воздигнува и облагородува чувствата. Таа љубов никогаш не се ограничува само на „мене и моето“, туку со својата широчина го опфаќа целиот свет, а со височината досега до небото и е во хармонија со онаа љубов која ги поттикнува ангелите. Таквата љубов, кога постојано се негува во срцето, го засладува не само нашиот живот, туку благородно влијае и на сите кои нè опкружуваат. Ако имаме таква љубов, ќе бидеме среќни, без оглед каква ни е животната судбина. (Сведоштва за црквата, вол. 4, стр. 223.224. оригинал)

24 октомври - Учениците се израдувале кога Го виделе воскреснатиот Господ
23 октомври - Двете Марии се израдувале на веста за воскресението
22 октомври - Седумдесеттемина ученици се израдувале на Неговата сила
21 октомври - Закхеј радосно Го примил
20 октомври - Радоста на Јован исполнета додека го подготвува патот за Спасителот
19 октомври - Захарија и Елисавета се израдувале на раѓањето на својот син
18 октомври - Мноштвото се израдувало на Христовото царско влегување
17 октомври - Мудреците се израдувале на Господовото водство
16 октомври - Дариј многу се израдувал затоа што Даниеловиот Бог е моќен
15 октомври - Евреите се радувале на избавувањето од смртта

Pin It on Pinterest