14 јули – Да внимаваме на можностите на другите да им донесеме радост

„Благословот на изгубените беше врз мене, јас му ја враќав веселбата на срцето на вдовицата.“ (Јов 29,13)

Бог од нас бара не само дар за сиромасите, туку и ведро лице, зборови што охрабруваат, пријателски стисок на рака. Кога Христос ги лекувал болните, Тој врз нив полагал раце. Затоа и ние мораме да доаѓаме во близок допир со оние врз кои сакаме да пренесеме благослов.

Постојат безброј луѓе што ги напуштила секаква надеж. Вратете им ја сончевата светлина! Мнозина загубиле храброст. Упатете им зборови што охрабруваат! Молете се за нив! Има такви на кои им е неопходен леб на животот. Читајте им од Божјата реч! Многу души се зафатени со болест која ниту еден земен мелем не може да ја ублажи ниту лекар да ја исцели. Молете се за тие души, доведете ги кај Исуса! Кажете им дека има мелем во Галад и дека и лекарот е таму! (Христови параболи, стр. 418. оригинал)

Не смееме да пропуштиме ниту една можност да вршиме дела на милосрдие, да покажеме нежна сочувствителност и христијанска љубезност кон обременетите и угнетените. Ако не сме во состојба да направиме повеќе, можеме барем да им упатиме зборови на охрабрување и надеж на оние кои не го познаваат Бога, а на кои најлесно можеме да им се доближиме покажувајќи им сочувство и љубов.

Богати и обилни ветувања им се дадени на оние кои се трудат да внесат радост и благослов во животот на другите. (Пророци и цареви, стр. 327. оригинал)

4 октомври - Мојсеј и Јотор се радуваат затоа што Бог го избавил Израел
3 октомври - Ана се израдувала затоа што Бог ја услишил нејзината молитва
2 октомври - Сара се израдувала затоа што добила син
1 октомври - Аврам се израдувал бидејќи го видел Христа
30 септември - Љубезните зборови даваат помош и охрабрување
29 септември - Љубезните зборови се сладост за душата и здравје за телото
28 септември - Љубезните зборови им припаѓаат на оние со чисти срца
27 септември - Победниците ќе имаат Божји харфи
26 септември - Свирете победоносни песни
25 септември - Затрубете во труба во храмот Господов

Pin It on Pinterest