1 јуни – Христијанското заедништво се огледа во меѓусебната љубов

„Затоа, браќа мои возљубени и сакани, радост моја и венец, стојте така цврсто во Господа, возљубени!“ (Филипјаните 4,1)

Христос им наредил на своите ученици да се сакаат еден со друг како Тој нив што ги сакал. На тој начин морале да му сведочат на светот дека навистина во себе го носат Христа, надежта на славата. „Ви давам нова заповед“, рекол Тој, „да се љубите еден со друг; како јас што ве љубев вас, така и вие да се љубите еден со друг“ (Јован 13,34). Во времето кога биле изговорени тие зборови, учениците не биле во состојба да ги сфатат; но, бидејќи биле очевидци на Христовите страдања, на распетието, воскресението и вознесението на небото, и бидејќи на денот Педесетница врз нив бил излеан Светиот Дух, тие појасно ја сфатиле Божјата љубов и природата на љубовта што биле должни да ја негуваат меѓусебно.…

Тие ѝ се радувале на слатката заедница со светите. Биле нежни, сочувствителни, полни со самооткажување, подготвени да поднесат секоја жртва заради вистината. Во своето секојдневно меѓусебно дружење, тие навистина покажувале вистинска братска љубов, како што им наредил Христос. Со несебични зборови и дела, тие се труделе пламенот на таа љубов да го запалат во срцата на другите. (Делата на апостолите, стр. 547. оригинал)

4 октомври - Мојсеј и Јотор се радуваат затоа што Бог го избавил Израел
3 октомври - Ана се израдувала затоа што Бог ја услишил нејзината молитва
2 октомври - Сара се израдувала затоа што добила син
1 октомври - Аврам се израдувал бидејќи го видел Христа
30 септември - Љубезните зборови даваат помош и охрабрување
29 септември - Љубезните зборови се сладост за душата и здравје за телото
28 септември - Љубезните зборови им припаѓаат на оние со чисти срца
27 септември - Победниците ќе имаат Божји харфи
26 септември - Свирете победоносни песни
25 септември - Затрубете во труба во храмот Господов

Pin It on Pinterest