11 септември – Песните носат радост и веселба

„Моите усни ќе воскликнуваат пеејќи Ти, и мојата душа, што ја избави.“ (Псалм 71,23)

Историјата на песните во Библијата е полна со сугестии за употребата и предимствата на музиката и песната. (Воспитување, стр. 167. оригинал)

Со песни на благодарност војските на Израелот под Јосафат тргнале кон големото избавување… Пред војската оделе пеачи, кревајќи ги своите гласови во славопој на Господа – славејќи Го за ветената победа.

Четвртиот ден потоа, војската се вратила во Ерусалим, натоварена со пленот од своите непријатели, пеејќи пофални песни за извојуваната победа. (Воспитување, стр. 163. оригинал)

Исус со песна ги пресретнувал искушенијата во својот земски живот. Неговата песна на вера и света радост се слушала често кога биле изговорени остри и навредливи зборови, кога бил опкружен со тешка атмосфера полна со мачнина, незадоволство, недоверба или мачен страв. (Воспитување, стр. 166. оригинал)

Нaшeтo срцe и нaшиoт jaзик трeбa дa сe нaвикнувaaт дa гo фaлaт и слaвaт Бoгa зa Нeгoвaтa нeспoрeдливa љубoв. Дa ги привикнувaмe свoитe души никoгaш дa нe губaт нaдeж и дa прeстojувaaт вo свeтлинaтa штo блeскa oд Гoлгoтскиoт Крст. Никoгaш нe трeбa дa зaбoрaвимe дeкa смe дeцa нa Нeбeсниoт Цaр, синoви и ќeрки нa Гoспoдa нaд вojскитe. (Здравје и среќа, стр. 253. оригинал)

„Блазе му на народот свикнат со светите воскликнувања, тој оди во сјајот на Твоето лице, Господи.“ (Псалм 89,15)

13 ноември - Крштевањето
12 ноември - Бидете утврдени да ги издржите неволјите и искушенијата
11 ноември - Зашто дава мудрост и разбирање
10 ноември - Божјата порака упатена до мене
9 ноември - Примање на Речта со радост и веселба
8 ноември - Потполна среќа
7 ноември - Мир и радост во Духот
6 ноември - Радост поради купување на богатството
5 ноември - Објавување на Радосната вест на ближните
4 ноември - Павле и Варнава ја носат Радосната вест во Антиохија

Pin It on Pinterest