12 октомври – Израел се радувал што добил цар 

„И сиот народ тргна во Галгал, и таму го поставија Саула за цар пред Господа, во Галгал. Таму жртвуваа пред Господа помирителни жртви, и таму Саул, со сите Израелци, прославуваше прослава.“ (1. Самуилова 11,15)

Самоил го собрал сиот народ во Миспа. Прво се помолиле на Бога Тој да ги води, а потоа уследила свечена церемонија на фрлање на ждрепка. Собраниот народ во тишина го очекувал резултатот. Последователно се одредувани племето домот и семејството и најпосле синот на Кис, Саул, како избраник. Но Саула го немало на собирот. Тој тајно се повлекол, загрижен поради одговорностите што требало да ги прифати. Народот го извел пред себе и со задоволство и гордост утврдил дека има царско држење и благородна става, „со глава повисок од сиот народ“. Претставувајќи му го на собраниот народ, и сам Самоил извикал: „Гледате ли кого го избрал Господ? Никој не е како него во сиот народ.“ При тоа народот радосно извикал: „Да живее царот!“…

Иако народот главно бил подготвен да го признае Саула за цар, сепак една група се спротивставила… Саул сметал дека не е мудро да го прифати царското достоинство при такво расположение на народот. Затоа му препуштил на Самоил и понатаму да ја води управата, а тој се вратил во Гаваја… Во своето родно место, на висорамнините на Венијамина, и понатаму извршувал должности на обичен земјоделец, препуштајќи му на Бога да му го подигне авторитетот…

Тогаш Самоил предложил во Галгал да се повика сиот народ и на Саула јавно да му се потврди царството. Тоа е сторено „и тука му принесоа жртви благодарници на Господа и тука Саул и сиот Израел се радуваа.“ (Патријарси и пророци, стр. 611-613. оригинал)

13 ноември - Крштевањето
12 ноември - Бидете утврдени да ги издржите неволјите и искушенијата
11 ноември - Зашто дава мудрост и разбирање
10 ноември - Божјата порака упатена до мене
9 ноември - Примање на Речта со радост и веселба
8 ноември - Потполна среќа
7 ноември - Мир и радост во Духот
6 ноември - Радост поради купување на богатството
5 ноември - Објавување на Радосната вест на ближните
4 ноември - Павле и Варнава ја носат Радосната вест во Антиохија

Pin It on Pinterest