10 јули – Укажете им гостопримство на Христовите слуги

„И така, примете го во Господа со секаква радост и почитувајте ги таквите.“ (Филипјаните 2,29)

Задачата на Христовите слуги е висока почест и света доверба. „Кој ве прима вас“, вели Тој, „ме прима мене; а кој ме прима мене, го прима Оној кој ме прати“. Ниедно љубезно дело што им е сторено на луѓето во Негово име нема да остане непризнато и ненаградено. Со истото нежно признание Тој ги опфаќа најслабите и најниските во Божјето семејство: „Кој ќе напои еден од овие малечкиве“ ­ оние што се како деца во својата вера и во познавањето на Христа ­ „само со чаша студена вода, во име на ученик, вистина ви велам, никако нема да ја загуби својата награда“. (Копнежот на вековите, стр. 357.358. оригинал)

Бог им ветил големи благослови и на сите оние кои во време на искушенија и немаштија ќе им укажуваат љубов и помош на другите кои се во поголема неволја од нив. Тој не се променил. Неговата сила денес не е ништо помала отколку во времето на Илија. Исто така, верно е ветувањето што го изговорил Спасителот во негово време: „Кој прима пророк во пророчко име, ќе добие пророчка награда“ (Матеј 10,41).

„Гостољубивоста не заборавајте ја, бидејќи преку неа некои, и не знаејќи, им укажаа гостопримство на ангели“ (Евреите 13,2). Времето не ја намалило силата на овие зборови. Нашиот небесен Отец сѐ уште прави на животната патека на Неговите деца да се јавуваат можности кои се прекриени со благодети, и голема радост ќе доживеат оние што ќе ги искористат правилно. (Пророци и цареви, стр. 131.132. оригинал)

24 октомври - Учениците се израдувале кога Го виделе воскреснатиот Господ
23 октомври - Двете Марии се израдувале на веста за воскресението
22 октомври - Седумдесеттемина ученици се израдувале на Неговата сила
21 октомври - Закхеј радосно Го примил
20 октомври - Радоста на Јован исполнета додека го подготвува патот за Спасителот
19 октомври - Захарија и Елисавета се израдувале на раѓањето на својот син
18 октомври - Мноштвото се израдувало на Христовото царско влегување
17 октомври - Мудреците се израдувале на Господовото водство
16 октомври - Дариј многу се израдувал затоа што Даниеловиот Бог е моќен
15 октомври - Евреите се радувале на избавувањето од смртта

Pin It on Pinterest